ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка ги подготвува младите од СОС Детско село за успешнa иднина

    Време зa читање: 2 минути

    Бидејќи секој млад човек заслужува образование, вработување и успешна иднина, Комерцијална банка се вклучи во проектот „Младите можат“ на СОС Детско село за да им помогне на овие младинци да се вклучат во деловниот свет.

    Со огромно задоволство и силен ентузијазам вработените во Комерцијална банка ќе им пренесат знаење, вештини, информации и корисни совети на 30 младинци, со цел тие да го започнат своето полнолетство со потребното ниво на знаење, самодоверба и независност.

    Нашата мисија ја започнавме со подготовка на девет младинци како да ги направат првите чекори за успешно вработување – да направат соодветно CV за вработување, да се подготват за интервју за вработување, да се запознаат со оперативни работни активности во конкретни организациони единици и да веруваат дека секогаш постојат компании и тимови каде што ќе може да се пронајдат и да бидат добредојдени.

    Продолжуваме понатаму со поддршка и помош и на останатите млади лица кои се под грижа на СОС Детско село и кои веќе се соочени со потребата да се вработат и да постигнат поголема социјална инклузија во сите сегменти од живеењето. Комерцијална банка, како општествено одговорна компанија, останува посветена на помагање на граѓаните кои се под социјален ризик затоа што e полесно заедно да ги надминеме предизвиците и да живееме во поубав свет.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично