ПОВЕЌЕ

    ,,ПАРИ” ДЕНЕС: Како пекарите се снаоѓаа(т) во кризата?

    Време зa читање: 3 минути

    Инфлацијата, што увезена, што домашна, ја наруши ценовната стабилност. Удри онаму каде што е најтенко, врз цените на најосновните, секојдневно најкупуваните и најконсумираните производи. На прво место, врз лебот. Ги поремети и пекарите, некои повеќе, некои помалку. Во просек – добри се.

    Друштво за производство и промет на големо и мало Диме ДОО увоз-извоз Скопје:

    Лани оствариле вкупни приходи од 6,84 милиони евра (421.956.866 денари), а годината пред тоа нешто повеќе од пет милиони евра (308.592.632 денари).

    Вкупни расходи во 2022 се 6,09 милиони евра (375.365.153 денари), а во 2021 – 4,57 милиони евра (281.988.478 денари).

    Нето-добивка 713,4 илјади евра (43.950.190 денари) за 2022, 399,5 илјади евра (24.613.483 денари) за 2021.

    Друштво за производство, трговија и услуги Жито Скопје Силбо ДООЕЛ Скопје:

    Вкупни приходи од 2,8 милиони евра (173.078.213 денари) во 2022, 2,6 милиони евра (160.344.187 денари) во 2021 година.

    Вкупни расходи од 2,66 милиони евра (164.020.318 денари) лани, 2,3 милиони евра (141.975.505 денари) преклани.

    Нето-добивка од 125,3 илјади евра (7.720.804 денари) во 2022, 288,1 илјада евра (17.749.897 денари) во 2021.

    Акционерско друштво за производство и промет Жито Леб Охрид:

    Вкупните приходи од ланското работење се над осум милиони евра (496.607.704 денари), додека во 2021 изнесувале 6,9 милиони евра (425.263.251 денар).

    Вкупни расходи од 7,9 милиони евра (488.298.699 денари) во 2022, а 6,69 милиони евра (412.252.836 денари) во 2021.

    Нето-добивката е 130,7 илјади евра (8.057.092 денари) лани, а во годината пред тоа – 200,5 илјади евра (12.355.461 денар).

    Друштво за производство, трговија и угостителство Специјал – Продукт ДООЕЛ Скопје:

    Вкупни приходи изнесуваат 5,55 милиони евра (342.153.963 денари) во 2022, додека во 2021 биле 4,21 милион евра (259.747.351 денар).

    Вкупни расходи од 5,41 милион евра (333.677.310 денари) лани, а 4,15 милиони евра (255.722.031 денар) преклани.

    Нето-добивката за 2022 е речиси 137,6 илјади евра (8.476.653 денари), а во 2021 година – 64 илјади евра (3.944.566 денари).

    Друштво за производство на мелнички, пекарски и слаткарски производи, промет на големо и мало и увоз-извоз Жито Лукс АД Скопје:

    Вкупно реализираните приходи лани биле 20,47 милиони евра (1.261.371.699 денари), преклани -16,85 милиони евра (1.038.252.406 денари) во 2021.

    Вкупни расходи се 20,59 милиони евра (1.268.669.213 денари) во 2022, а 17,13 милиони евра (1.055.604.677 денари) во 2021.

    Минатата 2022 е завршена со нето-загуба од 133,4 илјади евра (8.222.191 денар), и е помала од таа во 2021 година, кога минусот броел 286,4 илјади евра (17.645.132 денари).

    ЧИТАЈТЕ УШТЕ

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично