ПОВЕЌЕ

    Интервју со Ангела Шенгуловска: Охридска банка важи за иноватор на креативни HR практики во банкарскиот сектор

    Време зa читање: 10 минути

    Интервју на vrabotuvanje.com со Ангела Шенгуловска, Раководител на Дирекција за човечки ресурси во Охридска банка: Охридска банка важи за иноватор на креативни HR практики во банкарскиот сектор

    Честопати се вели дека вработените се крвотокот на една компанија. Затоа, грижата за вработените и нивното менаџирање во исполнувањето на бизнис целите се основни вредности за постигнување успех.
    Ако во минатото раководењето со вработените важеше за администрирање на податоците меѓу работодавачот и институциите, денес ова поле нуди широки хоризонти за вовед на вработени, следење на нивен прогрес, професионално обучување и надградување со вештини за успех, поттикнување мотивација и создавање на тимски дух, како и многу повеќе.

    Разговаравме со Ангела Шенгуловска, Раководител на Дирекцијата за човечки ресурси во Охридска банка АД Скопје, која ни откри детали што значи да се раководи со вработените во моменти на криза, но и какви се практики се користат во HR дирекциите за да се мотивираат вработените и да се зголеми нивната среќа и продуктивност на работното место.

    Ангела, управувањето на човечките ресурси во една организација е комплексен процес од многу аспекти. Но, иако управувањето е доста сложено, досега ниедна компанија се нема соочено со предизвиците кои ги носи една глобална пандемија. Дали можеш да ни дадеш повеќе детали за твоето искуство во справувањето со предизвиците кои ги донесе Ковид 19 оваа година во рамките на Охридска банка?

    Новонастанатите услови со Ковид19 нè потсетија дека најважен ресурс на секоја организација се врaботените, и затоа нашиот фокус во овој период  покрај вообичаните активности, во голем дел се насочени  и кон зачувување на здравјето на вработените, како и овозможување на безбедни услови на работа. Секако. ние како Банка имаме воспоставено кризен комитет кој будно ги следи случувањата поврзани со Ковид19 и презема навремени активности со цел спречување на ширење на вирусот. Уште на почетокот на пандемијата обезбедивме заштитна опрема за сите вработени маски, ракавици и дезинфекциони средства. Во рекорден временски период успеавме да овомозжиме пристап за „работа од дома“ за повеќе од половина од вработените, особено давајќи им приоритет на колегите кои припаѓаат во ризичните групи. Условите се навистина специфични за сите нас, но тоа што мора да се каже е дека и покрај ситуацијата го задржавме тимскиот дух и солидарноста, за што заслугата е на сите вработени. Предизвик и понатаму останува спречување на ширењето на вирусот, безусловно почитување на мерките, и надежта дека што побрзо ќе успееме да ја надминеме оваа ситуација.

    Справувањето со Ковид 19 е ситуација многу поголема од справување со обична болест. Овие месеци беа едно искуство за сите нас кои влијаеја и на расположението на вработените и на менталното здравје. Дали преземавте некакви активности во оваа насока за да се одржи мотивацијата и кохезијата на тимот?

    Токму тимскиот дух и посветеноста на сите вработени е она што нé движи и ни дава сила успешно да се справиме и со овој предизвик. Силни сме колку што се силни нашите луѓе, па оттука и идејата за реализација на една интерна активност наменета за мотивација и поддршка на нашите вработени во периодот на пандемијата.  Под мотото  „Во тимот е силата“  допревме до секој еден вработен во Банката, покажувајќи му дека сме тука како институција и како работодавач за него.  Сакавме да  покажеме дека трудот на нашите колеги во овие специфични услови е исклучително значаен за Банката, дека е препознаен, ценет и вреднуван, а исто така сакавме и да го поткренеме расположението и мотивацијата. Во рамките на оваа иницијатива, колегите секој ден ги изненадувавме со различни подароци: книги, оброк, колачи, симболични брендирани подароци, дури и портрети на кои беа прикажани како суперхерои, бидејќи навистина така се однесуваа. На овој начин им се заблагодаривме на сите колеги за лојалноста и придонесот што го направија за Банката во овие тешки услови за работа.

    Справувањето со кризата подразбира водење грижа и за менталното здравје на вработените. Ограниченото движење и контакти, работата од дома, стравот кој сите го чувствуваме, нé мотивираше да организираме HR Caffee  на тема „Менталното здравје и Ковид19“, каде што гостин говорник ни беше докторката по психијатрија, др. Зора Митиќ. Иако овојпат HR Caffee –то го одржавме online и не можевме физички да бидеме заедно и да го испиеме кафето, сепак преку советите на Д-р Митиќ успеавме да допреме до нашите колеги и да пружиме поддршка во однос на зачуваување на менталното здравје. HR Caffee како активност наменета за вработените во охридска банка е нешто што го воведовме пред три години и одлично фукционира и на вработените им претставува задоволство да се вклучат во него. Ние сме единсктвена банка која организира актвности од ваков вид за своите вработени и со сигурност серијата  HR Caffee и теми поврзани со ментално здравје ќе продолжи и во иднина да се реализира, во овој период online но, се надевам наскоро и со физичко присуство.

    Јога за вработени беше редовна активност организирана во просторите во нашата банка и беше одлично прифатена од страна на вработените. Во периодот на пандемијата оваа активност беше стопирана но сепак  во соработка со нашата Групација Штаермаркише Шпаркасе  организиравме онлајн јога часови. Исто така имаме и таканаречен ОБ фан клуб во кој членуваат наши вработени и секојдневно комуникцираат и разменуваат мотивирачки и охрабрувачки видеа и пораки, шеги, предлози за добра литература и слично.

    Охридска банка има триесетгодишна историја на самостојна банка. Во Банката работиш како Раководител на Дирекцијата за човечки ресурси повеќе од десет години. Како се градеше корпоративната култура сите овие изминати години и што е денес поразлично во однос на минатото?

    Ако во минатото фокусот во човечки ресурси беше ставен повеќе на таканаречената кадрова евиденција, денес фокусот е на развивање на човечките ресурси од самиот почеток, односно од нивна регрутација, воведување во работата, обука, евалуација, кариерен развој, промоција итн. Корпоративната култура ја изградивме преку поставување на корпоративни вредности и кодекс на етика, но и преку континуаирано градење на вработените, упорно и трпеливо, ставајќи го тимскиот дух секогаш како приоритетна вредност. Тука секако главниот придонес го имаше  HR,  но со огромна поддршка од менаџментот и  мотивираност на самите вработени, така да горда сум што  денес сме банка препознаена по тимскиот дух, банка на професионалци чии знаења, вештини и способности континуирано се надоградувааат преку обуки, програми за личен развој, коучинг, тим билдинг итн. Во однос на Дирекцијата за човечки ресурси можам да кажам дека за овие 10 години многу напредувавме во нашето работење, постојано се надоградуваме и ги пратиме најновите  ХР трендови на глобално ниво применувајќи ги во секојдневнота работа,  и со максимална посветеност и труд на пет супер жени ( Маја, Слаѓања, Сања Н, Сања К и Ангела) прераснавме во модерен и иновативен ХР тим, стратешки партнер на бизнисот, но  секогаш ориентиран кон вработените.

    Како гледаш целокупно на секторот за човечки ресурси во Македонија и каде ја поставуваш работата на твојата Дирекција во Охридска банка наспроти целата „HR индустрија“?

    Живееме во ерата на дигитализација и континуирани промени, бизнисите станаа многу динамични, конкуренцијата на пазарот остра,  така  да сите мораат да бидат поагилни и брзо да се прилагодуваат на промените доколку сакаат да опстанат и да бидат конкурентни на пазарот. Истото важи и  за функцијата Човечки ресурни, ние едноставно мораме да го следиме пазарот и последните светски трендови ако сакаме соодветно да одговориме на потребните на бизнисот. Големите компании во Македонија имаат можности и средства да вложуваат во HR и во новите HR технологии. Дигитализацијата и во HR веќе е основна потреба, и засилено се применува во поголемите компании.

    Менаџментот на Охрдиска банка од секогаш имаше „слух“ и ја поддржуваше нашата посветеност и проактивност како HR – Тим. Така што ние сите овие години функционираме и се развиваме во духот на Хераклит дека промената е единствено константна и движењето се случува без престан. Сето тоа носи и одговорност – да бидеме најдобри меѓу најдобрите, и преку нашите иницијативи и проекти да ја направиме Охридска банка најпосакуваниот работодавач на пазарот на трудот, со најкавлитетниот кадар.

    Несебично и гордо можам да кажам дека Охридска банка во рамки на банкарскиот сектор важи за иноватор и вистински иницијатор на огромен број на активности наменети за грижа за своите вработени. И пред пандемијата во рамки на нашата компанија се оранизираа огромен број на настани и активности за грижа за задоволството, благосостојбата и мотивираноста на нашите вработени. А сега и во оваа ситуација, ваквите активности се уште повеќе интензивирани и прилагодени на начинот на работа.

    Тука би ги спомнала некои од проектите наменети за нашите вработени:  Stresless програма која подразбира организација на нтерни работилници за справување со стресот за сите вработени, Обуки за Асертивна комуникација, Интерни работилници наменети за полесно справување со промени, Програми за размена на вработени во различни сектори – Be my mentor for a day, HR Caffee, Јога за вработени, Изибор на најдобар колега и слични интерни конкурси за избор на најдобар менаџер, најдобра експозитура, најдобар тим и тн. Единствени сме и во организација на  летната школа за млади банкари наречена „Биди банкар“ која дава уникатна можност на студентите не само да се стекнат со банкарско искуство, туку и да станат дел од нашиот тим, па така после низа успешно организирани летни школи, нашиот тим е побогат за голем број млади и амбициозни банкари, произлезени токму од оваа школа.

    За крај, кои би биле твоите препораки до сите читатели како да се одржи квалитетен „work life“ баланс, како да се одржи среќа на работното место, како да се самоевалуираме како професионалци и како да наоѓаме мотивација за константен напредок?  

    Во актуелната ситуација со Ковид19, зголемени се обврските и тешко е да се балансира помеѓу работата и приватниот живот, но во никој случај не смееме да заборавиме дека одморот е клучен за продуктивноста. Така што, ако сакаме да бидеме продуктивни на работа, мораме постојано да си ја обновуваме енергијата,  преку активности што не релаксираат, без разлика дали се тоа физички активности, прошетки во природа, време поминато со семејството итн. Мотивацијата е многу индивидуална работа, така што немам магична формула која ќе важи за сите, но едно нешто нешто што не води напред и не држи постојано будни  е континуираниот личен развој, бидејќи на тој начин се осознаваме себе си и пронаѓаме одоговори нашите дилеми и предизвици. Генерално повеќето луѓе се  фокусираат првенствено на  професоналниот напредок , а многу малку работат на развојот на личноста,  односно подлабоко да се самоанализираат кои се нивните приоритети, што е за нив лично напредок  и што е она што ги мотивира да продолжат по истиот пат, или можеби да изберат нов пат.  Така да ако  сакаме да се развиваме и како личности  и да бидеме професионалци, пред сé мораме да бидеме искрени со самите себе, бидејќи само на тој начин можеме да идентификуваме што ни прави среќни, да ги осознаеме областите што треба да ги подобриме или можеби да се фокусираме на нешто ново.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично