ПОВЕЌЕ

    БОРИС СТОЈМЕНОВ ОБВИНУВА: Синовите со помош на институциите ја ограбија БС со над 30 милиони евра

    Време зa читање: 3 минути

    Компанијата БС е оштетена за повеќе од 30 милиони евра. „Ограбена“ е од браќата Стојменови, кои се и законски наследници, помогнати од надлежните институции. Но, не поради корупција, туку поради непознавање на законите, тврди основачот и сопственик на компанијата, бизнисменот и поранешен министер за финансии, Борис Стојменов. 

    Обвинувањата и најавите за барање кривична одговорност јавно ги објави на својот ФБ профил. Постот го пренесуваме интегрално:

    Почитувана јавност!!!

    Дали Република Македонија може да работи и функционира како правна држава?

    Одговорот на горното прашање го бараме низ фамилијата како основна клетка на државата, затоа што правната држава мора да функционира и во фамилијата.

    Како пример ја земам мојата фамилија заедно со синовите и случувањата во неа од аспект на владеењето на правната држава.

    Или, конкретно, моите синови Емил и Марјан Стојменов ја ограбиле компанијата БС, чијшто сопственик и основач сум јас со мојата сопруга (покојна), иако компанијата по сите правни норми им припаѓа ним.

    Причините за грабежот, според мене, е непознавање на законите кои ја регулираат таа материја (поделба на имотот), како што се Законот за наследување и Законот за трговските друштва. Проблемот ќе се решел ако државата преку своите институции постапила според законите врз основа на кои работат институциите.

    Конкретно, во овој грабеж е вмешан Централниот регистар на Репубика Северна Македонија, бидејќи оваа институција е овластена за оваа проблематика. Централниот регистар, злоупотребувајќи ги своите овластувања, кои произлегуваат од Законот за трговски друштва, погрешно го применила Законот и директно од незнаење го дозволил, дал согласност и го одобрил овој грабеж. Во случајот немало корупција, меѓутоа направена е штета во износ од над 30 милиони евра со неприменување на Законот за трговски друштва, што не го ослободува од одговорност Централниот регистар.

    Според наши сознанија има многу такви случаи, особено за домашните фирми, а не за странските фирми.

    Управата за јавни приходи учествува во овој грабеж, а причината е незнаење, а не корупција.

    На сите учесници во овој грабеж и рушење на правната држава, на нашата мила Македонија, ќе им бидат поднесени соодветни кривични пријави од основна причина да придонесеме да владее правната држава.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично