ПОВЕЌЕ

    Атанас Кочов, кандидат за ректор на УКИМ: Кога ќе проработи Одборот за евалуација, дури тогаш ќе има квалитет во високото образование

    Време зa читање: 3 минути

    Во образовниот процес, меѓу негативностите кои опстојуваат, присутна е трката по оцени, кои се можност за упис на посакуваниот факултет. На тој начин знаењето се потиснува на спореден колосек, а идните студенти речиси неподготвени влегуваат во академските клупи.

    Ја сум за приемен, наместо матурски испит. Иако своевремено знаењата се проверуваа прво преку полагањето матура, а потоа приемен при упис. Ако студентите ги оптоварите со повеќе учење, тоа само ќе им биде од полза. Ќе имаат поголем квантум на знаење, кое еден ден ќе го искористат, сеедно дали во фазата на работење или надвор од работното место“, е ставот на кандидатот за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, прод. д-р Атанас Кочов.

    Проблеми има и од аспект на квалитетот и конкуренцијата.

    Има Агенција за квалитет на високото образование. Во таа Агенција има Одбор за акредитација, која ги акредитира студиските програми. Но, има и Одбор за евалуација. Кој, за жал, не профункционира. А, токму тој одбор е контролниот механизам, кој ќе влезе кај сите акредитирани и ќе провери – дали ги исполнуваат условите со кадар, дали кадарот е соодветен, дали се соодветни просторните услови, дали наставниот процес се реализира согласно пропишаното во програмата за акредитација, или не. Кога ќе почне да работи Одборот за евалуација, дури тогаш ќе добиеме реална слика кој од постојните 33 заслужува да биде класифициран како приватен универзитет или приватна високообразовна институција, а кој не. Исто така, треба да се провери состојбата и кај јавните универзитети“, категоричен е професорот Кочов, кој се залага за што повисок квалитет на високото образование во Македнија, но не само во рамките на УКИМ.

    Не може да се оди според желбата да се имаат исти студиски програми како Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’. Ако нема услови – не може. Но, ако навистина се сакат, тогаш треба да се задржи квалитетот. Сепак, прашањето е, колку на ниво на Македонија има потреба од исти студиски програми, на мала територија со два милиони жители, за 10-15 илјади студенти кои ќе се пријават. Тоа се зависи од стратегијата и така треба да се дејствува“, смета Кочов.

    Притоа, посочува, дека треба да се утврди што и е потребно на државата за развој во наредните пет или десет години.

    Мора да има стратешки документ. Ако државата не може да го изготви, тоа може УКИМ да го направи. Да се види каде оди држава во својот општествено-економски развој. Странски инвестиции, од кој тип се потребни. За развој на земјоделието – што ни е предност. Токму овие елементи се суштина на стратегијата за паметна специјализација што ја бара Европа. Зашто, низ квантитативна, квалитативна анализа, низ процесот на претприемничко учење се дефинираат силните и слаби страни во Македонија, и во кои насоки треба да оди. Тоа се четири области: електромашинска индустрија, паметно земјоделие, паметни материјали за градба и информациско-комуникациски вештини. Лично, токму за тоа се залагам“, нагласува кандидатот за ректор, Атанас Кочов.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично