ПОВЕЌЕ

    Затворени компании во 2020 година – анализа на македонското стопанство

    Време зa читање: 4 минути

    2020 година ќе биде одбележана по доста тешки моменти и полни со искушенија предизвици кои беа видливи во сите пори на општеството. Надежта дека во блиска иднина  ќе се соочиме со регулирање на кризата и пронаоѓање на лек го одржува претприемачкиот дух на високо ниво и токму еден таков ентузијазам може да придонесе за лечење на раните. Во контекст на претприемништвото, ќе направиме осврт на згаснатите компании во Македонија, во 2020 година, и нивна паралела со годината пред тоа. Само со споредување на одредени квантитативни податоци може да изведеме сериозни заклучоци каде се движи македонската економија, кои сектори биле не атрактивни за стопанствениците, во кој облик се јавуваат згаснатите компании и каква е нивната географска дисперзија.

    Согласно податоците на Таргет Груп, експерти во областа на управување со деловни податоци, во 2020 година во Македонија згаснати се 6.213 правни лица. Таквата бројка е за 999 помала во однос на 2019 година. Од тука може да се заклучи дека кризната година влијаела позитивно врз одржување во живот на скоро 1.000 компании повеќе во споредба со 2019 година. Ако се земе во предвид фактот што најчесто компаниите вработуваат до 5 лица, може да резимираме дека најмалку 5.000 луѓе ја искористија шансата за задржување на работниот однос, а исто така во иста мера позитивниот ефект се одразува и врз националниот БДП и даночните приходи.

    Од 22 сектори во кои се распределени компаниите, само во 8 сектори забележан е пораст на бројот на згаснати компании. Тука акцентот се става врз секторот Стручни, научни и технички дејности, Дејности на социјална и здравствена заштита и останати услужни дејности. Во ситуација кога државата воведуваше голем број на социјални ограничувања, затварање на одредени објекти, рестрикции за голем број на настани, со цел справување со Covid-19, сосема очекувани се и ваквите бројки. Оваа статистика на најдобар можен начин го отсликува ефектот на кризата врз националната економија. Од друга страна радува фактот што одредени дејности бележат намален број на згаснати компании. Преточено во статистика, генерирана од Таргет Груп, ситуацијата е следна:

    Од аспект на правниот облик најголем број на згаснати компании во 2020 година се ДООЕЛ и нивниот број изнесува 3.950. Споредбено со 2019 година, оваа бројка е за 17.5% помала и заедно со правните облици ТП, Подружница, Непознато и ДОО го сочинуваат квартетот  кој бележи подобрување во 2020 година. Останатите 4 правни облици кои го комплетираат октетот имаат поголем број на  згаснати субјекти во 2020 година, со тоа што на пиедесталот е правниот облик Друго со вкупен број од 824 згаснати субјекти.

    Анализирано по општини во 2020 година негативниот одраз врз приватниот сектор најмногу се осетил во Битола, Крива Паланка, Тетово и Штип. Во овие градови евидентиран е најголем пораст на згаснати компании во 2020 година, споредбено со 2019 година. Предводник на листата е Штип со дури 36 повеќе згаснати компании во минатата година, следат Битола со 22, Крива Паланка со 14 и Тетово со 11 компании. Во овие 4 градови во 2020 година се затвориле дури 943 правни лица, со следната дистрибуција:

    ГрадБрој на затворени компании
    Тетово356
    Битола342
    Штип160
    Крива Паланка85

    Од оние општини каде приватниот сектор успеал да ја преживее турбулентната година, односно евидентирал помал број на згаснати компании во 2020 година, споредбено со 2019 година, за одбележување се градовите Скопје, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија и Велес.

    ГрадВкупно субјекти 2019 г.ГрадВкупно субјекти 2020 г.
    Велес221Велес143
    Гевгелија169Гевгелија108
    Кавадарци168Кавадарци130
    Прилеп255Прилеп222
    Скопје2,702Скопје2,087

    * Извор: Таргет Груп ДОО Скопје

    Прочитај и: Да се верува или не во судот на агенциите за кредитен рејтинг?!

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично