„Сакаме да се вратиме кон семејните вредности со недела-неработен ден. Но, истовремено имаме слух и за бнизнис заедницата, и ќе ги задоволиме сите страни. Министрите заедно со работниците и коморите треба да утврдат што е најдоброто решение, а да биде согласно работничките права. Покрај донесување на законот за недела-неработен ден, ќе се носат измени и во законот за трговија“, истакна премиерот Зоран Заев при посетата на новиот трговски центар во изградба “Ист Гејт Мол” притоа посочувајќи дека моловите треба да работата и во недела.