ПОВЕЌЕ

    „ВЕБ СТРАНИ“ и заштита на лични податоци

    Време зa читање: 3 минути

    Поседувањето на веб страница истовремено значи и одговорност на правното лице, сопственик на веб адресата за тоа којa информација треба да е објавена и достапна на веб страната.

    Воедно, самото поседување на веб страна значи и дека преку истата се испраќаат и собираат информации за корисниците, па во таа комуникација на веб серверот со веб корисникот неретко се создава и однос на користење на услуги, со кој се прибираат лични податоци за корисниците, а за кои правното лице (контролор) е потребно да применува систем на правила за чување, обработување, проверка и контрола за личните податоци.

    За таа цел потребно е да се применат технички мерки со кои не само што ќе се гарантира точниот идентитет на веб страницата, туку и ќе се заштитува доверливоста на информациите кои се испраќаат или собираат преку веб страната; и тоа како што се лични податоци кои се бараат при најава на посетител, број на картичка при вршење на трансакција и слично.

    Основните правила при прибирање на податоци се да истите бидат во рамките на законот, да бидат наменети за одредена цел, да бидат точни и релевантни, чувањето на лични податоци да е ограничено, да биде обезбедена заштита на личните податоци, како и да нема неовластен пренос на личните податоци кон трети лица.

    Во оваа насока, потребно е да има задолжителна употреба на криптографски протокол (TLS) за сите страници од веб- страницата, при што ќе вклучува формулари за собирање на лични податоци или најава, односно автентикација на корисникот на веб страната; ограничување на портите за комуникација исклучиво само на потребните за правилно фунционирање на инсталираните апликации; именување на овластени лица од страна на правното лице (контролор) кои ќе имаат пристап до алатките и административните интерфејси и ограничување само тие лица да ги користат; како и употреба на колачиња за страната.

    Чисто за појаснување, колаче (cookie) претставува информација креирана од веб- серверот, која служи да се испрати од веб – серверот до веб пребарувачот и назад до веб – серверот во форма на непромената информација, која ќе се активира секогаш кога корисникот на веб пребарувачот повторно ќе пристапи до веб серверот кој ја креирал информацијата. За употреба на колачиња, правното лице (контролорот) е потребно да обезбеди претходна согласност од интернет корисникот, за што само доколку корисникот одговори позитивно, контролорот ќе може да го депонира колачето.

    Пишува: Правен тим на Пари

    Повеќе инфо на [email protected]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично