ПОВЕЌЕ

    ТРГОВСКОТО ЕМБАРГО НА САД ја турка Куба во рацете на Кина

    Време зa читање: 3 минути

    Кина планира да ѝ плати на кубанската влада неколку милијарди долари во замена за нејзината поддршка на сигнален разузнавачки објект на островската држава што ќе може да ги прислушува воените и другите комуникации во јужниот дел на САД, тврди Волстрит журнал. Портпаролот на Министерството за одбрана го окарактеризира извештајот како „неточен“, додека Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа, цитиран во приказната на Волстрит журнал, одби да го коментира извештајот, но не го оспори.

    Кина, според пишувањата на весникот, постигнала таен договор со Куба за воспоставување електронски објект за прислушување на островот на околу 160 километри од Флорида. Таквата шпионска инсталација ќе му овозможи на Пекинг да собира електронски комуникации од југоисточниот дел на Соединетите држави, во кои се сместени многу американски воени бази, како и да го следи бродскиот сообраќај, пишува весникот.

    „Го видовме извештајот. Не е точно“, изјави за Ројтерс Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа. Но, тој не прецизираше што смета дека е неточно. Сепак, Кирби дека Соединетите Држави имаат „реална загриженост“ за односите на Кина со Куба и дека внимателно го следат.

    Информациите официјална Хавана веднаш ги отфрли, додека портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон рече: „Не сме информирани за случајот и како резултат на тоа не можеме да дадеме коментар во моментов“. Кубанската амбасада не одговори на барањето за коментар.

    Таквата финансиска инјекција веројатно би била добредојдена во Куба, со оглед на тоа што кубанската економија се измачува со инфлација, недостиг на гориво, намалено производство на фарми и криза на готовина што го одолговлекува производството и продолжува да го разгорува незадоволството во оваа островска држава управувана од комунисти.

    Односите меѓу Вашингтон и Хавана остануваат напнати. Администрацијата на Бајден минатата година делумно ги укина некои ограничувања од времето на Трамп за дознаки и патувања на островот, но кубанските власти ги нарекоа чекорите недоволни.

    Кубанската ракетна криза во 1962 година започна откако Москва почна да поставува советско нуклеарно оружје на островот. Се повлече и ги отстрани ракетите, но нашироко се смета како Советите инсталираа шпионска база на островот Лурд, јужно од Хавана, во средината на 1960-тите, со параболични антени насочени кон северниот сосед на Куба. Рускиот претседател Владимир Путин го затвори објектот во раните 2000-ти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично