ПОВЕЌЕ

    Дали Шведска ќе биде првата држава во која нема да има готовина?

    Време зa читање: 2 минути

    Оваа земја порано беше една од водечките земји во однос на безготовинските плаќања. Пандемијата, сепак, го забрза напуштањето на банкнотите и монетите во земјата.

    Шефот на шведската централна банка, Стефан Ингвес, неодамна откри дека некои млади Швеѓани повеќе не ни знаат како изгледа готовината. Но, според шефот на регулаторот, иднината без готовина носи одредени ризици.

    Преминувањето кон дигитални трансакции нуди голем број придобивки, вклучително и транспарентност, што го прави перењето пари и затајувањето данок многу тешки. Но, што се случува ако дигиталните мрежи се исклучат? Исто така, мора да се земат предвид ризиците од сајбер напади. Ваквите настани можат да направат многу поголема штета отколку старомодните грабежи на банка, изјави Ингвес за Блумберг, инсистирајќи на тоа дека на Шведска и треба парична маса доколку „светлата се изгаснат“.

    Денес, швеѓаните уште повеќе се откажуваат од готовина поради пандемијата. Тие велат дека безконтактната исплата е најсоодветен начин за плаќање затоа што претставува минимален ризик по здравјето. Шведската интернет банка Кларна проценува дека 73 проценти од плаќањата со картички на нивните клиенти сега се бесконтактни, во споредба со 63 проценти пред пандемијата.

    Според последните податоци, готовината претставува околу еден процент од БДП на Шведска. За споредба, во Соединетите држави оваа бројка е 8,2 проценти, а во еврозоната 10,9 проценти. Според јулското истражување, околу три четвртини од швеѓаните на возраст меѓу 18 и 34 години никогаш не користат готовина.

    Во Шведска, еден од последните „чувари“ на готовина, детски џепарлак, изумира. Според истражувањето спроведено од Сифо во јуни, само 16 проценти од шведските деца добиваат џепарлак во форма на вистински банкноти и монети.

    Една неодамнешна студија покажа дека една третина од возрасните во Велика Британија избегнуваат употреба на готовина заради ризик од ширење на корона вирусот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично