ПОВЕЌЕ

    Дали штедењето и потрошувачката се два дела од една целина?

    Време зa читање: 2 минути

    Кога ќе се оданочат стекнатите доходи на домаќинствата, средствата кои им остануваат претставуваат расположлив доход. Овој расположлив доход тие можат да го користат за потрошувачка и за штедење.

    Што е потрошувачка?

    Потрошувачката е дел од расположливиот доход наменет за купување на различни видови добра и услуги потребни за задоволување на потребите на домаќинствата.

    Нискиот износ на расположлив доход значи поголемо процентуално учество на потрошувачката, со оглед на тоа дека домаќинствата треба да ги задоволат своите основни потреби. Во одредени ситуации се појавува и т.н. негативно штедење при што расположливиот доход е понизок од потрошувачката. Во ваков случај не само што домаќинствата не можат да штедат туку и дополнително се задолжуваат за да ги задоволат своите основни потреби.

    Што е штедење?

    Штедењето е износот од расположливиот доход кој на домаќинствата им останал непотрошен. Штедењето претставува одложена потрошувачка. Одложената потрошувачка значи дека делот од расположливиот доход кој не се потрошил сега, ќе се потроши во иднина.

    Со порастот на расположливиот доход на домаќинствата се зголемува можноста тие повеќе да трошат и повеќе да штедат, и обратно.

    Оттука, штедењето и потрошувачката се два дела од една целина наречена расположлив доход и тој претставува основна детерминанта која ја одредува нивната големина.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично