ПОВЕЌЕ

    Сличности и разлики со кризата во 2008: Банките повторно крахираат, само сега во услови на полоша економска состојба

    Време зa читање: 4 минути

    Банкарскиот систем на САД останува здрав и издржлив, уверуваат регулаторите и покрај фактот дека од тамошните банки се повлечени речиси сто милијарди долари депозити. Што се совпаѓа со потресите предизвикани од случувањата со Silicon Valley Bank и Signature Bank.

    Податоците на ФЕД покажуваат дека до 15 март клиентите повлекле 98,4 милијарди долари од своите сметки. Со тоа, на удар се нашле малите банки, бидејќи најголем дел од износите се повлечени од таму. Според официјалните бројки, големите институции забележале пораст на депозитите од 67 милијарди долари, додека од помалите банки се одлеале 120 милијарди долари. Тој тренд ги намалил вкупните депозити на нешто повеќе од 17,5 милијарди долари.

    Сепак, и министерот за финансии Џенет Јелен и претседателот на Федералните резерви Џером Пауел ја смируваат јавноста дека се е под контрола.

    Сепак, има и спротивни мислења.

    „Како банкротиравте?“, праша Бил. „На два начини“, рече Мајк. „Постапно, а потоа ненадејно“ – овој цитат од романот на Хемингвеј „Сонцето повторно се раѓа“ е мото на анализата објавена на theburningplatform.com, при што се укажува дека е еднакво релевантен сега, како и во 2008 година.

    „Има многу сличности меѓу случувањата во 2008 и она што се случува денес. Bear Stearns пропадна во март 2008, а го презема JP Morgan во договорен сo Bernanke и со FED. Вообичаено, уверуваа дека ова е единствена ситуација и дека банкарскиот систем е силен. Банките од Wall Street известуваа за огромни профити, бидејќи ги криеја големите загуби во своите биланси. Токсичниот долг продолжи да се таложи“, се потсетува во анализата.

    Воедно, се поставува и прашањето дали е актуелната состојба полоша или подобра од онаа во 2008, па со посочување на одредени податоци се вели:

    „Во август 2008 државниот долг изнесуваше 9,5 милијарди долари (67% од БДП). Денес изнесува 31,5 милијарди долари (130% од БДП). Вкупниот долг на домаќинствата изнесуваше 12 милијарди долари, а денес е 17 трилиони долари. Билансот на ФЕД беше 900 милијарди долари, а сега изнесува 8,3 милијарди долари. Инфлацијата во август 2008 беше на највисоко ниво во последните 17 години и изнесуваше 5,9%, а денес е 6,0%. БДП во 2008 растеше за 3,2%, наспроти денешните 2,7%. Непристрасниот набљудувач би морал да заклучи дека економската состојба е многу полоша отколку во 2008 година“, па се додава и податокот дека билансот на ФЕД опаднал за 381 милијарда долари.

    И покрај тоа, се вели понатаму, најгласни се кажувањата дека се е во ред, особено од „аналитичарите од Wall Street, кои ја покриваат сопствената инсолвентна индустрија“. Со посочување на фактот дека причините за криза не се секогаш идентични, се потенцира дека и пред 15 години и сега исто клучни е истите фактори – „Лабавата монетарна политика на ФЕД води кон претерано преземање ризици од страна на алчните банки, хеџ фондовите и корпоративните челници. Потоа нешто ќе експлодира и милијардерите се спасуваат за сметка на даночните обврзници, кои се финансиски уништени од инфлацијата поттикната од Пауел и неговата печатница“.

    Во анализата се додава дека и наративот за регионална банкарска криза, ограничена на малите банки, е невистинит. Со цел, „депонентите во паника своите депозити да ги префрлат од малите кај големите банки на Wall Street, кои имаат големо ниво на нереализирани загуби и на кои очајно им требаат депозити за да не се соочат со истата судбина како Silicon Valley Bank и Signature Bank. Но, тие нереализирани загуби не исчезнуваат и ќе мора да се реализираат во блиска иднина“.

    Исто така, се наведува дека реалните плати се во негатива веќе 23 месеци по ред. А, кризата значи дека банките ќе намалат со кредитирање. Потрошувачите беа принудени да живеат од своите кредитни картички последните две години, бидејќи заштедите пресушија, а куповната моќ на платитесе намали. „На повидок е длабока рецесија. Потрошувачите веќе трошат помалку. Со намалувањето на кредитирањето и со падот на потрошувачката, работодавачите ширум светот ќе отпуштаат вработени. Со растот на невработеноста, луѓе ќе престанат да ги плаќаат своите огромни хипотекарни и кредитите за автомобили. Тоа ќе предизвика зголемување на банкарските загуби исто како во 2008 и 2009 година“ .

    И, се посочува: „Сите ќе бараат од ФЕД да ја спаси состојбата. Ако ФЕД се врати на печатењето пари, моменталната стапка од 6% вртоглаво ќе стане двоцифрена. Ако Пауел не преземе ништо, или ако продолжи да ги крева стапките, банкарскиот состав најверојатно ќе се урне. Неговиот избор е дефлациски колапс или хиперинфлациски колапс. Се заглави меѓу чеканот и наковалната“, вели анализата која предвидува дека светот е на самиот почеток од следната глобална криза, а не на крајот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично