ПОВЕЌЕ

    Зошто некои држави се богати а некои сиромашни?

    Време зa читање: 5 минути

    Во светот има 196 држави, а само 25 од нив се богати. Кога викаме богати, мислиме на фактот што во нив има 100.000 долари по глава жител.

    Тоа се:

    • Австралија
    • Австрија
    • Белгија
    • Канада
    • Данска
    • Финска
    • Франција
    • Германија
    • Хонг Конг
    • Исланд
    • Ирска
    • Италија
    • Јапонија
    • Луксембург
    • Холандија
    • Нов Зеланд
    • Норвешка
    • Сингапор
    • Јужна Кореа
    • Тајван
    • Англија
    • Америка
    • Шпанија
    • Шведска
    • Швајцарија

    Но многу повеќе држави се многу посиромашни. Голем дел од нив се лоцирани на Африканскиот континент. 20те најсиромашни држави во светот се токму тука, каде по глава жител имаат 1000 долари годишно односно помалку од 3 долари дневно.

    Равиените земји веќе повеќе децении финансики растат, но сиромашните речиси и стагнираат. Ако Зимбабве продолжи да расте со моменталната стапка на раст, ќе стане богата земја за 2722 години.

    Да разгледаме што е тоа што го прават богатите земји што ги прави успешни, и дали од тоа нешто, можат сиромашните земји да научат. 

    Постојат 3 фактори кои детерминираат дали една земја ќе биде богата или сиромашна. 

    1. Институциите. Најбитниот фактор. Богатите земји имаат стабилни, ценети институции, додека сиромашните имаат нефункицонални и ранливи институции. Постои огромна корелација помеѓу тоа колку се институциите корумпирани со нивото на богатство во една земја. Најкорумпираните земји, се исто така, едни од најсиромашните. Бидејки кога се корумпирани, неможат да ги приберат даноците кои им се потребни за да се ослободат од сиромаштијата. Огромни суми на пари во овие земји, се префрлаат во странски банкарски сметки (во просек, помеѓу 10 и 20 милијарди американски долари годишно). Без адекватни такси, сиромашните земји неможат да инвестираат во полиција, администрација, образование, здравство и транспорт. Корупцијата е поврзана и подлабоко во општеството. Таа им наметнува такво размислување и на поединци, бидејки таков е менталитетот во државата. Имено, во богатите земји, повеќе интервјуа се спроведуваат со селекција на кандидати на основа на квалитети и претходно искуство или перформанс. Но во сиромашните земји, таквото размислување ќе изгледа самото по себе како да е корумпирано. Бидејки во сиромашните земји, се очекува да се селектира кандидатот со најмногу лични конекции. Како резултат на ова, сиромашните земји самите не си дозволуваат да имаат пристап до интелигентни индивидуи и да охрабруваат квалитет.
    2. Култура. Ова е целосен систем за тоа што се случува внатре во главите на луѓето на една нација. Нивните гледишта врз светот и нивните вредности. Тука има и корелација помеѓу богатството и религијата. Колку една нација е помалку религиозна, толку побогата е. 19 од најбогатите земји во светот се изјасниле дека религијата воопшто не им е битна (70% го имале тоа мислење). Единствениот исклучок тука е Америка. Само таа може да комбинира религија со огромно богатство. Експертите велат дека ова е поради тоа што нивната религија е од материјална природа. Во спротивно, во најсиромашните земји, религијата им е од императивно значење. 
    3. Географија. Најсиромашните земји се најчесто лоцирани во тропски места. Тамо животот е едноставно, понеподнослив. Проблемот започнува со агрокултура. Растенијата кои што растат на ваква почва во просек имаат помалку карбохидрати, а и самата почва е помалку обработлива. Историски гледано, развојот на една земја зависел од тоа колку можат да припитомат и “посвојат” животни, кои ќе им помогнат во земјоделството, за да имаат луѓето повеќе време да се фокусираат на другите сфери во животот. Имено, само во Африка има мува која се нарекува це-це мува. Поради топлината и влажноста на воздухот таа а активна додека им влијае негативно врз сите домашни животни да бидат неактивни. Со тоа значително го намалуваат резултатот кој го даваат. Но не се само животните и растенијата кои страдаат поради топлината; луѓето се изложени на далеку повеќе болести и инфекции. Сите тие сиромашни општества се инфицирани со 5 различни тропски болести во исто време. Географијата секако влијае и на транспортот. Тие земји кои не се поврзани со вода, историски гледано, секогаш биле посиромашни. Во африка, 11те земји кои не се поврзани со вода, имаат само 600 долари по глава жител, и со тоа се на дното во светот. Можеби и не е коинциденција што најсиромашната земја во Азија е Авганистан, која е исто така од сите страни опкружена со земја, односно, не е поврзана со вода. Географијата е поврзана и со природните ресурси. Земјите кои имаат нафта но имаат добри институции, ќе бидат многу богати. Земјите кои имаат нафта но имаат лоши институции, ќе бидат уште посиромашни. Добар пример за земја со лоша институција а големи природни ресурси е Република Конго. 

    Овие 3 критериуми се особено битни да ги разгледа за секој кој е на власт. Но нешто што е битно за секоја индивидуа да извлече како поента е скромност. Убаво е сите да бидеме свесни дека нашиот успех е поради можноста и околностите кои ни ги дава општеството. Тоа не е секогаш поради напорната работа или поради нашиот интелект, туку општеството во кое живееме кое е градено низ историјата низ многу генерации. Благодарение на системите кои се изградени уште пред да бидеме родени, секој од нас има можност да успее.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично