ПОВЕЌЕ

    Можете ли да постигнете повеќе со помал вложен труд?

    Време зa читање: 5 минути

    Продуктивноста значи да имате поголемо постигнување во пократко време со помал вложен труд. Дали може да се постигне оваа ниво кога станува збор за претприемачите?

    Уште од најраниот период на теорија на менаџментот било проучувано постигнувањето на индивидуата (поединецот) и неговата улога во организациска смисла врз основа на различни променливи. Различни фактори влијаат на различен начин на индивидуалното постигнување, и тоа е факт, веќе докажано. Но, поголемиот дел од тие истражувања се од период кога промените не биле ниту брзи ниту големи како денес.

    Постигнувањата зависат и од самото работно место, но денешната разновидност на работните места, често променливата улога на луѓето и технологијата со која се изведува работата од една страна носи голема флексибилност, но од друга страна може да претставува порта за влез во ниво на голема непродуктивност.

    Прашањето кое секој претприемач би требало да го интересира е како да постигне повеќе со помал вложен труд.

    Еве некои совети кои може да ви помогнат за исполнување на оваа голема цел.

    1. Фокус на помал број на проекти

    Повеќе активни проекти бараат и мултитаскинг и расфрлање на фокусот на различни страни со што вниманието кое индивидуата го посветува на работата опаѓа. Иако, можеби ќе ви се чини дека се завршува повеќе работа бидејќи нели одеднаш работите на 5 или 10 проекти, сепак доколку добро ги анализирате постигнувањата, односно резултатите ќе забележите дека всушност не е тоа така.

    Дали ви се случило да вие или дел од вашиот тим се навраќа на проектот и по негово официјално завршување за едноставно да се поправат работите, отстранат грешките или за да се спаси што може да се спаси?

    Дали ви се случило да имате одложувања на претходно планирани рокови за завршување на проектот?

    Дали ви се случило да навлезете во ситуација во која се појавуваат повеќекратни „тесни грла” во однос на било кој вид на ресурси со што го одлагате завршувањето на проектот или едноставно прекинувате со негова имплементација?

    Ваквиот начин на работа може да доведе до појавувања на премногу расфрлања со вашите ресурси, но и на вашиот личен најдрагоцен ресурс – а тоа е вашето време.

    2. Приоритет е вашиот водич

    Без јасно дефинирани приоритети се претставува приоритет, а тоа значи дека нема да го примените првиот совет – фокус на помал број на проекти.

    Кога станува збор за приоритети вообичаено ги делам на два вида на приоритети:

    1. Ваш приоритет. Како еден претприемач сигурно досега сте се сретнале со поимот приоритет и сигурно веќе знаете што за вас претставува број еден, број два или број три приоритет. Сепак и овој ваш приоритет може да биде оној „вистинскиот” или едноставно „лажен” приоритет. Лажните приоритети се појавуваат како резултат на погрешно определување на приоритетите или ненавремена промена на приоритетите кои сепак не се нешто што еднаш се поставува и се заборава. Значи, мора постојано да ги проверите вашите приоритети за да бидете сигурни дека сте на вистинскиот пат.
    2. Наметнат приоритет. Втората група на приоритети ги нарекувам оние кои едноставно ви се наметнати од некој друг, како на пример партнерот, вработениот, менаџерот, колегата, снабдувачот, купувачот… Кога станува за овој вид на приоритети согласно моите анализи скоро секогаш се непотребни. Колку епошти имате примено на кои пишува „ургентно”, а всушност ургенцијата е за оној кој праќа, а не ваша? За да успеете да постигнувате повеќе со помал вложен труд мора да научите да ги менаџирате овие приоритети, што значи да дозволите само 20% од нив да влезат во ваши приоритети, додека останатите да ги игнорирате.

    Со помош на вистинска приоритизација ќе можете да кажете едно големо не на 80% од вашите сегашни активности кои не додаваат вредност во вашата работа, а ќе се фокусирате на оние 20% од кои навистина зависи вашиот бизнис.

    3. Мора да научите дека како претприемач не сте сами

    Точно така, мора да научите дека не сте сами и светот ќе продолжи да функционира и без вас.

    Прво, морате да инвестирате време во вашио тим, особено во однос на избор на луѓе кои навистина ќе допринесат за растот и развојот на вашиот бизнис. Од друга страна, вие ќе можете да се ослоните на тие луѓе и да започнете да делегирате голем дел од вашите секојдневни обврски со што ќе можете да се фокусирате на оние најважните.

    Понатаму, ефикасноста и ефективноста, а со тоа и продуктивноста на вашиот бизнис ќе зависи од системите кои вие ќе ги изградите и кои ќе обезбедат дека се функционира онака како што треба да функционира.

    Затоа, зајакнете го тимот со кој работите, делегирајте и имплементирајте системи преку соодветни правила и процедури кои едноставно ќе може да се следат од секого во вашата компанија без да бидете напаѓани со разни прашања од најобични проблематични ситуации.

    4. Кога работите, работите, но не заборавајте и на одмор

    Секој жив организам има потреба од одмор при што се доаѓа до реенергизирање на вашето тело и мозок. Знам дека работата е важна, приоритетна, ургентна… Но… Сепак има едно но…

    Заморот води до послаба фокусираност, повеќе време на завршување на работата и послаб квалитет на завршената работа. Дали така може да се биде попродуктивен, односно да се постигне повеќе со помал труд? Се разбира не.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично