Рид Хастингс е претприемач кој направи револуција во светот на забавата како ко-основач на „Нетфликс“ во 1997 година, а потоа дојде на нејзино чело две години подоцна, како претседател и извршен директор.
Компанијата од Калифорнија е најдобрата стриминг услуга денес, но тој успех не следеше наеднаш.
Во првите неколку години, брзо пораснавме и требаше да ангажираме повеќе софтверски инженери. Со моето ново сфаќање дека повеќе таленти ќе бидат моторот на нашиот успех, ние се фокусиравме на наоѓање на најдоброто на пазарот. Во Силиконската долина, многу најдобрите инжениери работеа за „Гугл“, „Епл“ и „Фејсбук“ и беа добро платени. Немавме пари да ги ангажираме, вели Хастингс и додава: „Но, како инженер, ми беше познат концептот што е препознаен во софтверот уште од 1968 година и се нарекува принцип на рок-sвезда. Принципот рок-ѕвезда беше втемелен во позната студија што се одржа во подрум во Санта Моника, Калифорнија.
Во 6:30 часот наутро, девет програмери почетници, беа воведени во просторија со десетици компјутери. На сите им беше даден плик со објаснувања за низа задачи за кодирање и дебагирање, да го извршат најдобро што можат, во следните „120 минути “.
Истражувачите очекуваа дека најдобриот програмер ќе го надмине својот просечен колега за два или три фактори. Сепак, се покажа дека највештиот програмер далеку го надмина најлошиот. Во кодирањето беше 20 пати побрз, во дебагирање 25 пати побрзо и во пополнување на програмите 10 пати побрзо од програмерот со најниски оценки.
„Оваа студија откако е објавена предизвика бран во индустријата за софтер, додека менаџерите се соочија со фактот дека некои програмери можат да вредат многу повеќе од нивните совршено соодветни колеги. Со фиксна сума пари за плати и проекти што морав да го завршам, имав избор: да изнајмам 10 до 25 просечни инженери или една „рок-sвезда“ и да платам значително повеќе отколку што би платил на другите, доколку е потребно“ додаде Хастингс.
Со текот на годините, сфатив дека најдобриот програмер не додава 10 пати поголема вредност, туку повеќе од 100 пати.
Според Рид Хастингс, причината зошто добриот инженер т.н. рок-ѕвезда е многу повреден од неговите колеги не е поврзана само со програмирање. Надпросечниот инженер за софтвер е неверојатно креативен и може да види идејни обрасци што другите не можат.
Во вториот квартал од оваа година, Нетфликс имаше 193 милиони претплатници ширум светот. Само во САД дури 72 милиони.