ПОВЕЌЕ

    Неочекувано порасна цената на недвижностите низ светот

    Време зa читање: 3 минути

     

    Пандемијата предизвика пораст на цените на недвижностите во светот иако се очекуваше спротивното.

    Повеќето очекуваа да се повтори 2008 година и цените да паднат како резултат на зголемената невработеност и личните банкнотирања, како и да се намали продажбата на куќи и станови.

    Наместо тоа, пазарот на недвижности доживеа зголемување на цените какво што не е забележано во последните 20 години во земјите ширум светот, во САД, Германија, Кина, Нов Зеланд и Перу.  Во 37-те земји членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), цените на недвижностите скокнаа во просек за 6,7 проценти во четвртиот квартал на 2020 година во споредба со истиот квартал од 2019 година.

    Експертите на пазарот претпоставуваат дека ова зголемување нема да доживее пад толку брзо. Се очекува зголемената побарувачка на домови да биде присутна годинава и наредната, и дека во 2023 година може да започне некое стагнирање, но не и преголем пад на цените. Засега задолжувањето е сè уште умерено, но по отворањето на границите се очекува скок на пазарните активности.

    Истражувачот на пазарот, Кејт Еверет-Ален од консултантската фирма за недвижности, Најт Франк, изјави дека причината за цутот на пазарот е помошта што владите им ја дадоа на сопствениците на домови и привремено ја забранија конфискација на имоти. Владата им обезбеди помош од милијарди со која им помогнаа на работниците и сопствениците во деловните активности. Со ова би спречило луѓето да ги изгубат своите домови и да продаваат други недвижности, во услови кога цените се зголемија.

    Од британската агенција Fine & Country наведуваат дека постои зголемена побарувачка на куќи со дворови и градини надвор од главните градови Лондон и Париз, а на француската ривиера сега купуваат и самите французи, а не само странци како штобеше до сега. Во популарна туристичка дестинација во југо-западна Англија, Илфраком, Ли Хазел од агенцијата Веберс продаде две куќи за 100 000 фунти над пазарната цена.

    Луѓето како во паника да ги купуваат недвижностите, иако цените на домовите во Велика Британија се зголемија за 8,5 проценти минатата година, што е повеќе од 2014 година.

    Ни во Америка не се купувало толку многу гледано од 2006 година. Цените се скокнати за девет проценти и продолжуија да растат, а сега просечната цена на еден американски дом достигна рекордно ниво – од околу 330 000 долари. Агентите забележаа дека недвижниот имот се купува многу брзо само што ќе се појави на пазарот. Во најекстремните случаи се достигнуваат дури 70 проценти повисоки цени од пазарните.

    Истиот тренд е забележан од Окланд до Шангај, од Минхен до Мајами. И германските агенти го забележаа истото, дека пазарот толку се развива што цените континуирано растат. Според извештајот на консултантската фирма Најт Франк, недвижностите во Португалија се купуваат по невидена стапка, со пораст на цените за шест проценти во последниот квартал на 2020 година. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично