ПОВЕЌЕ

    Најчитано на ПАРИ во 2022 – јануари

    Време зa читање: 5 минути

    Почитуван читателу,

    Порталот Пари (pari.com.mk) е присутен релативно кратко во медиумскиот простор, сепак брзо успеа да го добие вашето внимание пред се поради квалитетот и ексклузивните содржини што се објавуваат. Затоа, Ви благодариме за поддршката изминатата година и интересот да прочитате нешто поразлично од она што секојдневно се пласира. Нашата цел беше и ќе остане да бидеме објективен финансиски портал кој исклучиво ќе се потпира на реални бројки, анализи, споредби за да се добие вистинската слика за домашната економија, но и за да му се помогне на бизнисот.

    На нашите анализи работат новинари со повеќедецениско искуство во новинарството со импресивно искуство позади себе, а често наши гости преку свои колумни и интервјуа се најдобрите финансиски експерти во земјава.

    Бројките се нашето најсилно оружје, а текот на парите најдобра трага. Кој ги врти парите во Македонија? Драг читателу, ако редовно ги читаше нашите анализи лани, се надеваме дека многу нешта во економијата се разјаснија. Во продолжение ќе ги публикуваме уште еднаш нашите анализи и текстови кои побудија најголем интерес кај вас во годината што измина.

    Се најдобро,

    Редакција Пари

     

    ЕКОЛОШКИТЕ ПЕЛЕТИ СТАНУВААТ ЛУКСУЗ, месечната сметка стигна до 21.000 денари за греење на 100м2

    Ги заборави ли власта еколошките пелети, со кои требаше да се намалува загадувањето на воздухот во земјава? Во фокусот се електричната енергија, гасот, парното греење, но каде останаа пелетите. А тие од летото досега поскапеа за повеќе од 50 проценти. Зависи од квалитетот, но сепак една вреќа моментално се продава и по 320 денари, додека летото чинеше 190 денари. Ако се направи споредба, пак, со цената кога прв пат се појавија на пазарот и чинеа околу 165 денари за вреќа, поскапувањето сега е цели 100 проценти.

    Пресметките велат дека за површина од 100м2, квадратура која ја земаме за пример со оглед на тоа што со пелетите најмногу се загреваат куќите, за една грејна сезона се потребни 3 тони пелети. Кога времето е потопло се троши една вреќа на ден, додека како сега кога е поладно се ставаат две. Еден тон или една палета на која се редат пелетите има 70 вреќи. Граѓаните што ги набавиле пелетите по цена од 190 денари вкупно 3 тона ги чини 39,900 денари или месечно (за 6 месеци греење) 6,650 денари.

    Со новата цена 300 денари вреќа, ако сега купите еден тон пелети неопходен за еден месец греење (бидејќи е поладно и се трошат по две вреќи), месечната сметка излегува 21,000 денари за загревање на 100м2 простор.

    ЕКОЛОШКИТЕ ПЕЛЕТИ СТАНУВААТ ЛУКСУЗ, месечната сметка стигна до 21.000 денари за греење на 100м2

    Годишната стапка на инфлација во Еврозоната достигна рекордни пет проценти во декември, пред се поради наглиот раст на цените на храната и енергијата, соопшти статистичката агенција на Европската унија – Еуростат. Ова е највисоката стапка на инфлација во земјите од оваа зона од почетокот на водење на евиденција во 1997 година.

    Инфлацијата од Еврозоната, секако се прелива и во целиот регион и во Македонија која важи за земја со мала и отворена економија. Државниот завод за статистика на нашата земја, како и на земјите од регионот, се уште го немаат објавено податокот за декември, но порталот „Пари“ ги разгледа ноемвриските податоци од извештаите за инфлација на државните заводи за статистика во земјите од регионот и дојде до сознание дека Македонија, „се држи“ добро во однос на инфлацијата, споредено со другите земји од нашето блиско опкружување.

    „ПАРИ“ АНАЛИЗИРА: Кој има најголема инфлација во регионот?

    Податоците во однос на платите во Македонија се поразителни и покажуваат дека многу граѓани тешко може да избираат производи, па така цените на производите ги избираат нив. Анкетите на купувачите низ продавниците покажуваат дека се гледа да се купи она што е на акција, пред истечен рок, спакувано две во едно, или она што душата не го сака, а џебот едвај го дозволува.

    Во Македонија, како што изјавија од Сојузот на синдикати, има 110.000 вработени што примаат минимална плата, која во моментов е едвај 15.200 денари. Од друга страна, официјалните податоци покажуваат дека редовно вработени за кои се плаќа пензиски и здравствен придонес, во државава има 571.863, што значи дека секој петти вработен зeма минимална плата! Според статистичките податоци просечната нето-плата е 29.145 денари, но сите анализи покажуваат дека поголемиот дел од вработените не стигнуваат до тој просек.

    Уште пониска е потрошувачката моќ на пензионерите. Последните податоци покажуваат дека просечната пензија во државава е 15.845 денари, а има 326.814 корисници на пензија од кои 88,467 пензионери земаат до 11,000 денари пензија.

    Во услови на ваква статистика во државава се случува таканаречениот „пазар на лимонот“.

    ШТО Е ПАЗАР НА ЛИМОН?

    Дали ни се случува „ЛИМОН ПАЗАР“ – ниските цени да го избркаат квалитетот?

    Бизнисмените ги испорачаа првите предлози до новата Влада за подобрување на бизнис климата во земјава. Во фокусот се најболните точки за економијата-енергетската криза, судството, даночната политика, екологијата…На овие теми разговараме со генералниот директор на Раде Кончар-ТЕП, Горан Антeвски кој е и претседател на  АОТС Македонија – Јапонско Македонско здружение за техничка соработка. Во интервјуто за порталот ,,Пари” тој дава неколку конкретни предлози како да се подобри економската слика на земјава.

    ,,Секој покрив и необработливо земјиште да се направи извор на енергија, да се формира Економско фискален совет кој ќе ги спроведува економските реформи во земјава, да се стави крај на судиите ,,трговци-поединци” кои судат во личен интерес, да се поттикнува купувањето на електрични возила, како и да да се смени начинот на признавањето на повеќе уплатеното ДДВ од страна на Царината”, предлага бизнисменот Антевски.

    ИНТЕРВЈУ | Антевски: Да се стави крај на судиите ,,трговци-поединци”, да се формира Економско фискален совет…

    Управата за јавни приходи редовно ја објавува листата на должници. Последната објавена е за долгови доспеани до 30.09.2021 и неплатени до 31.12.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и е повисок од 300.000 денари за правните лица.

    Еве кои се 5 најголеми даночни должници во државава:

    „ПАРИ“ ОТКРИВА: Најголемите даночни должници се на иста адреса и наскоро треба да се избришат

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично