ПОВЕЌЕ

    Најчитано на ПАРИ во 2022 – март

    Време зa читање: 4 минути

    Почитуван читателу,

    Порталот Пари (pari.com.mk) е присутен релативно кратко во медиумскиот простор, сепак брзо успеа да го добие вашето внимание пред се поради квалитетот и ексклузивните содржини што се објавуваат. Затоа, Ви благодариме за поддршката изминатата година и интересот да прочитате нешто поразлично од она што секојдневно се пласира. Нашата цел беше и ќе остане да бидеме објективен финансиски портал кој исклучиво ќе се потпира на реални бројки, анализи, споредби за да се добие вистинската слика за домашната економија, но и за да му се помогне на бизнисот.

    На нашите анализи работат новинари со повеќедецениско искуство во новинарството со импресивно искуство позади себе, а често наши гости преку свои колумни и интервјуа се најдобрите финансиски експерти во земјава.

    Бројките се нашето најсилно оружје, а текот на парите најдобра трага. Кој ги врти парите во Македонија? Драг читателу, ако редовно ги читаше нашите анализи лани, се надеваме дека многу нешта во економијата се разјаснија. Во продолжение ќе ги публикуваме уште еднаш нашите анализи и текстови кои побудија најголем интерес кај вас во годината што измина.

    Се најдобро,

    Редакција Пари

    ТРГОВЦИТЕ СО БЕНЗИН ПОД ЛУПАТА НА „ПАРИ“ – Дали некогашните милионски добивки не може да ја покријат сегашната намалена маржа?

    Сè  уште важи одредбата од Правилникот за формирање на цени на горивата, што минатиот понеделник го донесе Регулаторната комисија за енергетика, а според кој трговската маржа за бензините и за дизелот е намалена за 33 проценти, и сега место 4,5 денари, изнесува 3 денари за еден литар.Трговците не престануват да го изразуват своето незадоволство од вакваат одлука, особено што цената на горивата се намали поради владините мерки со кои се интервенираше во ацизата и во данокот на додадена вредност. Дел од бензинските пумпи дури се заканија и дека ќе прстанат да точат бензин, тврдејќи дека нема да можат да издржат со намалемата маржа.

    Порталот „Пари“ во соработка со платформата БизнисМрежа.мк, направи анализа на работењето на најголемите трговци со горива во..

    ТРГОВЦИТЕ СО БЕНЗИН ПОД ЛУПАТА НА „ПАРИ“ – Дали некогашните милионски добивки не може да ја покријат сегашната намалена маржа?

    ИНТЕРВЈУ | ALITI: КХВ од претпазливост, а не од паника будно ги следи пазарите поради конфликтот

    Воените дејствија во Украина првично негативно се одразија врз тргувањето на берзата, но по кусиот прекин се продолжи со редовно тргување. Сепак, Комисијата за хартии од вредност со претпазливост ќе ги следи соостојбите и доколку е потребно ќе преземе мерки. Согласно податоците за февруари, вредноста на вложувањата во хартии од вредност (акции и обврзници) издадени од руски компании изнесуваат околу 1,5 милиони евра (86,6 милиони денари), односно учествуваат со незначителни  0,76% во вкупната нето вредност на сите отворени инвестициски фондови. Но, во споредба со јануари иако учеството исто беше минимално, односно 1,17% од вкупната нето вредност на сите фондови, вредноста на тие вложувања била околу 2 милиони евра (35% пад), вели претседателката на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Mr.Sc.Nora Aliti, која појаснува што содржи и новиот Кодекс за корпоративно управување и ефектите што со него ги очекува македонскиот пазар на капитал.

    ИНТЕРВЈУ | ALITI: КХВ од претпазливост, а не од паника будно ги следи пазарите поради конфликтот

    ТОП 10 КОМПАНИИ СО РУСКИ КАПИТАЛ ВО МАКЕДОНИЈА – годишно прават приход од над 200 милиони евра

    ,,ПАРИ” АНАЛИЗА | Во Македонија има околу 70 компании во кои има руски капитал, покажуваат податоците од платформата БизнисМрежа.мк. Најпознати, секако се Друштвото за производство на електрична енергија и топлина ТЕ-ТО АД Скопје, Друштвото за трговија со нафти и нафтени деривати „Лукоил“ и Друштвото за производство и трговија „Бучим“ кое во своја сопственост го има рудникот за бакар. Но, покрај нив, тука се и многу други фирми, и речиси сите се микро и мали компании.

    Анализата на податоците што ја направи порталот „Пари“ покажува..

    ТОП 10 КОМПАНИИ СО РУСКИ КАПИТАЛ ВО МАКЕДОНИЈА – годишно прават приход од над 200 милиони евра

    ГРАЃАНИТЕ ДА ВРАТАТ 3,7 МИЛИОНИ ЕВРА за исплатени пензии што не им следувале

    Граѓаните по основа на надомест на штети за извршени претплати на пензии треба да вратат 3,7 милиони евра, открива Државниот завод за ревизија во извештајот за работењето на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за 2020 година. Од овие штети како сомнителни и спорни побарувања се водат исплати на пензии во вкупен износ од 2,6 милиони евра.

    Сепак, државните ревизори нотираат дека за..

    ГРАЃАНИТЕ ДА ВРАТАТ 3,7 МИЛИОНИ ЕВРА за исплатени пензии што не им следувале

    СИТЕ ФАКТИ ЗА ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР: Се повеќе пари од буџетот, се поголемо незадоволство кај вработените

    Порталот „Пари“ направи и анализа колку пари во последнице 5 години се потрошиле од државната каса и колку вработени имало во јавниот сектор.

    Движење на бројот на вработените и на издвојувањата за плати во јавниот сектор

    СИТЕ ФАКТИ ЗА ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР: Се повеќе пари од буџетот, се поголемо незадоволство кај вработените

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично