ПОВЕЌЕ

    Во градот на забавата Лас Вегас, повеќе не е забавно

    Време зa читање: 3 минути

    Foto: Pixabay

    Во Лас Вегас, кој се смета за главниот град на светот за забава повеќе не е забавно.

    Никаде во светот нема поголем јаз меѓу недвижностите и реалната економија отколку во Лас Вегас, каде што туризмот е во стрмоглав пад, платите паѓаат, а цените на куќите континуирано растат.

    Просечната цена за семејна куќа во август скокна за скоро 10% во споредба со претходната година, на 335,000 американски долари.

    За споредба, годишното зголемување на цените во февруари, еден месец пред да се испразнат казината, хотелите и рестораните како резултат на пандемијата, беше 6,7%.

    Но, за помалку од една година, тоа може да се промени, бидејќи сопствениците на куќи препродаваат недвижен имот и цените паѓаат. Меѓу најголемите пазари на станови, Лас Вегас е најопасен со големи варијации и разлики, се вели во анализата на „КореЛогик“, која предвидува дека цените ќе паднат за 7,8% до идниот јули.

    Достапните реклами за продажба во август паднаа за 40% во споредба со 2019 година.

    Френк Нотафт, главен економист на „КореЛогик“, предвидува дека во Вегас невработените сопственици на куќи може да бидат принудени да ги продаваат по пониски цени, кога во март истекува федералната програма насочена кон толерирање на одложувањата на хипотеките.

    Стапката на невработеност во областа Вегас во јули беше 16,4%, скоро четири пати поголема од годината претходно. Цените во Лас Вегас повеќе не се во согласност со приходите што ги „задуши“ пандемијата. Сепак, Нотафт не очекува резултатот да биде лош како финансискиот крах во 2008 година.

    Патем, кога станува збор за миграцијата на Американците – од градот во предградијата, новото истражување вели дека причината за тоа честопати не е короната. Во едно такво истражување спроведено на 1.300 луѓе, само 15% рекле дека се преселиле поради Ковид-19.

    Кога зборуваа за миграции предизвикани од пандемија, 37% од испитаниците изјавиле дека се преселиле затоа што не можеле да си дозволат тековно сместување поради губење на приходот поврзан со корона. 33 % од испитаниците рекле дека се засолниле кај пријател или семејство, а 24% рекле дека не се чувствуваат безбедно таму каде што се наоѓаат.

    Студија на истражувачкиот центар „Пју“, која повнимателно ги разгледуваше Американците во јуни, кои рекоа дека направиле некои потези поради пандемијата, открива дека вкупно младите на возраст меѓу 18 и 29 години се селат поради Ковид-19 во поголем број, трајно или привремено. Само 3% од испитаниците изјавиле дека се преселиле поради корона вирусот, а 6% навеле друга причина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично