ПОВЕЌЕ

    КЛИМАТА ЈА МЕНУВА ТУРИСТИЧКАТА КАРТА НА ЕВРОПА: Пеколните горештини и зачестените пожари ќе ги избркаат гостите од Медитеранот кон посвежи дестинации

    Време зa читање: 4 минути

    Зголемувањето на температурата од 3°C или 4°C ќе го намали бројот на летни туристи за речиси 10% во јужните крајбрежни региони и ќе ја зголеми побарувачката за северните брегови за 5%, покажуваат проекциите, пренесува EU Science Hub.

    Се очекува јужните крајбрежни региони да изгубат туристи во текот на летото, особено под сценаријата за затоплување под 3°C и 4°C, додека северноевропските крајбрежни региони ќе забележат зголемена туристичка побарувачка, според новата студија на европскиот JRC (Joint Research Centre).

    Студијата под наслов „Регионално влијание на климатските промени врз европската туристичка побарувачка“ ги проценува промените во туристичката побарувачка според четири климатски фјучерси, целите на Парискиот договор (1,5°C и 2°C) и две повисоки нивоа на затоплување (3°C и 4°C).

    Според проекциите, целокупното влијание врз европската туристичка побарувачка се очекува да биде позитивно, со проектиран пораст од 1,58% за сценариото за највисоко затоплување (4°C), но збирните резултати кријат голема разновидност низ регионите. Има јасна шема на редистрибуција на релацијата север-југ, со зголемување на побарувачката за туризам во централна и северна Европа и намалување на побарувачката на југ.

    Како најпосетуван регион во светот, со 51% од сите меѓународни пристигнувања (743 милиони туристи во 2019 година), Европа во голема мера се потпира на туризмот како главен економски двигател, директно генерирајќи 5% од БДП на ЕУ. Додавајќи го придонесот на помошните сектори, туризмот директно и индиректно придонесува со повеќе од 10% од БДП на ЕУ. Сепак, како што температурите растат и временските шеми стануваат понепредвидливи, потребна е акција за да се постигне одржливост на туризмот.

    АКО ЕПТЕН ЗАТОПЛИ – ПЛАЖИТЕ НА ЈУГОТ ЌЕ СТАНАТ НЕПРИВЛЕЧНИ

    Врз основа на податоци од 269 европски региони во текот на 20-годишен месечен временски период, студијата го мапира ефектот на тековните климатски услови врз туризмот и ги симулира идните влијанија во текот на 2100 година, потпирајќи се на 10 климатски модели и земајќи ги предвид четирите нивоа на затоплување (1,5°C, 2°C, 3°C и 4°C).
    Во клима со затоплување од 1,5°C, поголемиот дел (80%) од европските региони се предвидува дека ќе бидат погодени од климатските промени само во прилично мал дел, при што протокот на туристи кои ги посетуваат тие региони варира помеѓу -1% и +1%. Резултатите се прилично слични за сценариото за затоплување од 2°C.

    Според сценариото со највисоки емисии, најзначајниот ефект на климатските промени врз побарувачката на туризмот е проектиран за крајбрежните региони, на пример, пад од 9,12% за грчките Јонски острови и зголемување од 15,93% за Западен Велс (Велика Британија).

    Дополнително, најголемите загуби – повеќе од 5% – се проектирани низ регионите на Кипар, Грција, Шпанија, Италија и Португалија, додека најголемите добивки – над 5% – се распределени низ Германија, Данска, Финска, Франција, Ирска, Холандија, Шведска и Обединетото Кралство.

    Се очекува дека обрасците на сезоната ќе претрпат значителни промени, со различни влијанија во различни региони. Се очекува дека северноевропските крајбрежни региони ќе забележат повеќе од 5% зголемување на побарувачката во текот на летните и раните есенски месеци. Спротивно на тоа, се предвидува дека јужните крајбрежни региони ќе загубат речиси 10% од летните туристи во споредба со сегашноста, особено во сценарија со потопла клима (3°C и 4°C).

    Во овие региони, падот на летната побарувачка делумно се компензира со повисоките туристички посети во пролет, есен и зима. Збирно, во месец април се очекува најголем пораст на туристичките текови достигнувајќи +8,89% во споредба со сегашното во сценарио од 4°C. Најголем пад на европската туристичка побарувачка е проектиран за јули, кој ќе се движи од -0,06% во сценариото од 1,5°C до -5,72% според сценариото за најтопла клима.

    ТУРИСТИЧКИТЕ ШПИЦОВИ – ПОМЕСТЕНИ ВО АПРИЛ

    Со оглед на тоа што температурите во Европа се на својот врв ова лето, се очекува промена на трендовите на патувањата во следните години.
    Поради глобалното затоплување, побарувачката за туризам во Европа, особено во крајбрежните области, се очекува да се промени, а април да стане новиот јули, известува SchengenVisaInfo.com.

    Бидејќи температурите се очекуваат да бидат високи и во следните години, интересот на туристите за посета на Европа во јули ќе опадне. Наместо тоа, повеќе патници ќе изберат да патуваат во април бидејќи температурите ќе бидат поподносливи во текот на овој месец, проценува Европската Комисија. Низ европскиот континент, туристичкиот интерес ќе опадне во текот на месеците јули и август, а ќе расте во април. Но, и со ваквото сезонско поместување на побарувачката низ континентот, според проекциите, туризмот во Европа и натаму сепак ќе расте.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично