ПОВЕЌЕ

    ИНФЛАЦИЈАТА ГИ ИЗЕДЕ СИТЕ ЗГОЛЕМУВАЊА НА ПЛАТИ: синдикалната кошница подобро се полнела во екот на пандемијата?!

    Време зa читање: 4 минути

    Инфлацијата која се уште бележи високи бројки, продолжува да го зема данокот од платите на секој еден граѓанин. Трошоците за живот непрекинато се зголемуваат, а Сојузот на синдикати пресмета дека синдикалната кошница во мај била 49.025 денари. Тоа е неопходниот минимум за едно четиричлено семејство да преживее – колку да се прехрани, да функционира, да отиде некаде со автобус (до работа, или каде му е потребно), а кое и во денешно време, се уште нема сопствен автомобил! Но, поразително е што ако во ова семејство има еден со просечна плата, тоа не може си ги задоволи своите минимални потреби. Она што оди во прилог, е што за разлика од порано кога многу тешко се доаѓаше до работа, сега постои можност и двајцата родители да бидат вработени, па така и да си ја пополнат синдикалната кошница на четиричленото семејство. Со две просечни плати би имале солиден износ над синдикалната кошница, но со две минимлани плати не би можеле да ја наполнат. За жал, се уште многумина примаат минимална плата.

    ЗНАЧАЕН ПАД ВО ПОКРИЕНОСТА НА СИНДИКАЛНАТА КОШНИЦА ВО ОДНОС НА 2021 ГОДИНА

    Порталот „Пари“ го анализира трендот на животниот стандард преку синдикалната кошница, просечната и минималната плата во периодот од пред пандемијата, како појдовна точка, до сега. Податоците покажуваат силен удар на инфлацијата врз куповната моќ на населението, и покрај растот на платите. Па така, она што се постигна во 2021 година – покриеност на синдикалната кошница со просечната плата од 84 проценти, или со минимална плата од 44,5 отсто – го изде инфлацијата. Сега имаме покриеност на синдикалната кошница со просечната плата од 71,2 проценти, што значи дека за да се состави целата месечна кошница (со храна, транспорт, домување, режиски трошоци, образование, здравство, култура и хигиена) недостигаат пари за 28,8 отсто од трошоците, додека пред две години „дупката“ била 16 проценти. Што се однесува до покриеноста на кошницата со минималната плата, сега таа е 41,15 отсто, или нешто над три процентни поени помалку отколку во мај 2021 година и речиси пет процентни поени помалку во однос на пред една година.

    Податоците покажуваат дека пред пандемијата, па и во екот на пандемијата имало поголема покриеност на кошницата со просечната плата.

    ПериодСиндикална кошницаПросечна платаПокриеност на Синдикална кошница со просечна платаМинимална платаПокриеност на Синдикална кошница со минимална плата
    Мај 202349.02534.925* (март 2023)71.2%*20.17541,1%
    Мај 202238.79131.40781,0%18.00046,4%
    Мај 202134.15628.72184,0%15.19444,5%
    Мај 202033.31526.39079,2%14.50043,5%
    Мај 201933.08625.27076,4%12.50737,8%

    Извор: Сојуз на синдикати, Министерство за труд, Државен завод за статистика

    *Последни објавени податоци за просечна плата се за март, и со неа е направена споредбата со кошницата. Така, во однос на уделот на платата во кошницата, можно е да се добие малку поинаков резултатат кога Државниот завод за статистика ќе ги објави мајските податци.

    ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ПРОСЕЧНА ПЛАТА ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ

    Анализата на податоците покажува и дека во самата синдикална кошница сега имаме значајно помал удел на ставката храна и пијалаци. Но, уделот на оваа ставка во просечната плата е поголем отколку во претходните години. И ова е уште еден показател кој зборува за животниот стандард, затоа што колку повеќе пари се издвојуваат за храна, толку помалку има за култура, обрзование, рекреација, инвестиции, па и тековно одржување на домот, затоа што и во секоја куќа, како и во секоја фирма, треба да постои ставка амортизација.

    Податоците покажуваат дека износот за храна и пијалаци (за мај) учествувал во мартовската плата (за кога има последни податоци) со 55,9 проценти. Ако, пак, се спореди мартовската просечна плата со мартовските трошоци за храна и пијалаци, нивното учество е 55,1 отсто и тоа повторно е поголемо отколку во претходните три години.

    ПериодХрана и пијалациУчество на „храна и пијалаци“ во Синдикална кошницаУчество на „храна и пијалаци“ во просечна плата
    Мај 202319.53239,8%55,9% (со мартовска плата
    Мај 202217.00143,8%54,1%
    Мај 202114.50442,4%50,5%
    Мај 202014.19642,6%53,8%
    Мај 201913.97942,2%55,3%

    Извор: Сојуз на синдикати, Државен завод за статистика

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично