Примерот на Г-дин Хари Костов го следи и Г-дин Илија Илоски.
Г-дин Илија Илоски, кој во Комерцијална банка АД Скопје доаѓа во 2006 година како Генерален директор, a од 2008 година ја извршува функцијата Главен оперативен директор, и член на Управниот одбор на банката, по примерот на Г-дин Хари Костов, си докупи 1.000 акции со право на глас во банката во чиј Управниот одбор членува.
Оваа информација денеска е официјално е достапна на Македонска Берза, еден ден откако иста количина акции си докупи и Г-дин Хари Костов, кој е Главен извршен директор на Комерцијална банката и претстедател на Управниот одбор.
Вложувањето на повеќе од 7 милиони денари во акции на „Комерцијална банка“, секако ќе биде дополнителен охрабрувачки сигнал за акцинорите кои имаат акции во банката, тие да не ги продаваат, а воедно и мотив да се охрабрат нови инвиститори да купат акции од банката.
Г-дин Костов и Г-дин Илоски во континуитет вложуваат во акции во Комерцијална банка, и тоа е позитивна корпоративна пракса.
Акцијата на „Комерцијална банка“ котира меѓу најликвидни хартии од вредност со кои се тргува на Македонска берза.
Минатата година Комерцијална банка ја заврши со одлични резултати од работењето.
Како одработи „Комерцијална банка“ во 2020 година, прочитај [ т у к а ]