ПОВЕЌЕ

    Директорите на Google и Facebook тужени од повеќе американски држави поради оваа причина

    Време зa читање: 3 минути

    Новите нередактирани документи од антимонополската тужба против Google, зад која стојат повеќе американски сојузни држави, го обвинуваат гигантот меѓу пребарувачите за дослух дека со конкурентот Facebook манипулирале со продажбата на реклами преку Интернет. Извршните директори на двете компании биле свесни за договорот и го потпишале, се наведува во тужбата, чија што содржина беше неодамна објавена, јавува агенцијата Асошиејтед Прес.

    Редактираната тужба, поднесена во декември 2021 година, го обвини Google за „антиконкурентно однесување“ и за здружување со гигантот за социјално вмрежување. Но, нередактираната верзија нуди многу повеќе детали за вмешаноста на извршниот директор на Alphabet, Сундар Пичаи и извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг во одобрувањето на договорот. Откако беше поднесена тужбата, Фејсбук се преименува во Мета.

    Според тужбата, главниот оперативен директор на Фејсбук, Шерил Сандберг, во низата на и-мејл пораки од 2018 година, за договорот што го вклучуваше извршниот директор на Фејсбук се изјаснила дека е „стратешки многу важна работа“. Иако имињата на директорите на Фејсбук сѐ уште се редактирани во текстот на тужбата, нивните титули и работни позиции се видливи, поради што може да се заклучи за кого станува збор.

    Кога двете страни се договорија за условите на договорот, „тимот за тоа го информирал со и-мејл извршниот директор, односно Закерберг, се наведува во тужбата.Во жалбата се цитира содржината на пораката испратена по електронска пошта: „Подготвени сме да го потпишеме договорот и ни треба ваше одобрение за да продолжиме“. Закерберг сакал да се сретне со Сандберг и со другите негови директори пред да донесе одлука, се наведува во жалбата.

    Во изјавата, портпаролот на Google, Питер Шотенфелс, обвини дека тужбата е „полна со неточности и нема правна основа“.

    Во септември 2018 година, се вели во документот, двете компании го потпишале договорот. Сандберг, кој некогаш беше шеф на адвертајзинг бизнисот на Google, и Пичаи лично го потпишаа договорот, стои во истиот документ.

    Портпаролот на Мета, Крис Сгро, во петокот рече дека договорот за наддавање реклами на компанијата со Google и слични договори што ги има со други платформи за наддавање „помогнаа да се зголеми конкуренцијата за пласирање реклами“.„Овие деловни односи ѝ овозможуваат на Мета да испорача поголема вредност на огласувачите истовремено соодветно компензирајќи им на издавачите, што  придонесува за подобри резултати за сите“, рече Сгро.

    Google ја користел шифрата „Jedi Blue“ за интерна употреба, за да се повика на договорот од 2018 година, според тужбата. Google ја чуваше оваа кодна фраза во тајност.Шотенфелс од Гугл рече дека наводите во тужбата дека Пичаи го одобрил договорот со Фејсбук „не е точен“.

    „Секоја година потпишуваме стотици договори за кои не е потребно одобрение од извршен директор, па ни за овој процедурата не беше поинаква“, рече тој, додавајќи дека договорот „никогаш не бил тајна“.

    Тужбата против двата гиганта ја застапува државниот обвинител на Тексас, Кен Пакстон, а ѝ се придружија и јавните обвинители на Алјаска, Арканзас, Флорида, Ајдахо, Индијана, Кентаки, Луизијана, Мисисипи, Мисури, Монтана, Невада, Северна Дакота, Порторико, Јужна Каролина, Јужна Дакота и Јута.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично