ПОВЕЌЕ

    Цените на нафтата подзапреа, но растечките политички тензии го поттикнуваат стравот на глобалниот пазар

    Време зa читање: 3 минути

    Цените на нафтата денес повторно во благ пораст, надоместувајќи дел од загубите од претходниот ден, откако растечката тензија во Источна Европа и Блискиот Исток поттикна загриженост за можни нарушувања на снабдувањето на и онака тесниот пазар, јавува Ројтерс.

    Фјучерсите на суровата нафта „брент“ поскапеа за 1,21 долари, или 1,5 отсто, на 87,52 долари за барел во 0946 часот по Гринич, повлекувајќи го падот од 1,8 отсто во претходната сесија. Фјучерсите на американската „Вест Тексас интермедит“ (WTI) се искачија за 1,11 долари, или 1,3 отсто, на 85,42 долари за барел, откако во понеделникот се намалија за 2,2 отсто.

    Светските акции, кои често се движат во тандем со нафтата, се во најголем месечен пад откако пандемијата ги погоди пазарите во март 2020 година.Во меѓувреме, и WTI и Brent, кои неодамна го достигнаа највисокото ново за последните седум години минатата недела, сега се со месечни добивки од над 12%. Шестмесечниот пораст на Брент, кој се случуваше порадидолготрајната ограничена понуда е запрен, а фјучерсите за испорака на првиот месец се тргуваат со премија од околу 5 долари за барел.

    Пред очекуваната одлука за каматната стапка на Федералните резерви на САД во среда, каде што зголемувањето би можело да влијае на цените, геополитичките ризици кои го вклучуваат производителот на нафта и гас Русија го поддржуваат и скокот на цените на нафтата.

    НАТО во понеделникот соопшти дека ги става силите на готовност и ја зајакнува источна Европа со повеќе бродови и борбени авиони, во она што Русија го осуди како западна „хистерија“ како одговор на нејзиното трупање војници на границата со Украина.

    На Блискиот Исток, јеменското движење Хути, поддржано од Иран, во понеделникот изврши ракетен напад врз Обединетите Арапски Емирати, чија цел беше база во која се наоѓа американската војска, но беше спречено од пресретнувачите на „Патриот“ произведени од САД, соопштија американски и емирати.

    Загриженоста за глобалното снабдување со нафта ја подгреваат напорите на ОПЕК +, во која членуваат Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) со Русија и други производители да ја постигне својата месечна цел за зголемување на производството од 400.000 барели дневно. Во целата ситуација придонес за кризата имаат и пониските залихи на нафта во САД, исто така, даваат поддршка, при што залихите на сурова нафта во Кушинг во Оклахома се најниски во периодот од годината од 2012 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично