ПОВЕЌЕ

    Банката на Шпанија очекува пад на економијата до 12,4 проценти

    Време зa читање: < 1 минутa

    Шпанската економија би требало да се намали помеѓу 6,8 и 12,4 проценти, во зависност од траењето на карантинот поради епидемијата, објави Банката на Шпанија.

    Во таа земја карантинот беше воведен кон средината на март, а во зависност од тоа дали ќе трае осум или 12 недели, централната банка има развиено две различни сценарија, пренесува Reuters.

    Шпанската централна банка соопшти дека очекува закрепнувањето на економијата да започне во втората половина на годината, додека „значителното закрепнување“ ќе следи дури во 2021 година, со проектиран раст помеѓу 5,5 и 8,5 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично