ПОВЕЌЕ

    Од +10,58 % до -12,5 %: Аутомакедонија и Македонијатурист со најголем раст и пад на Берзата во јуни

    Време зa читање: 2 минути

    Најголемиот процентуален раст во јуни, од 10,58 насто, го постигна акцијата на Аутомакедонија, а најголемиот пад од 12,5 отсто го забележа акцијата на Македонијатурист.

    Акцијата на Аутомакедонија го завршила јуни со просечна цена од 3.450 денари. Споредено со мај, вредноста е зголемена за 330 денари.

    Фудбалот, анкетите и берзата: кога одлуката се носи под притисок, грешките стануваат скапи

    За 5,88 насто е повисока просечната цена на акцијата издадена од РЖ Економика – 51 денар чинела во мај, а 54 денари во јуни. Тргувањата со нив не се чести, има само 9 во изминатите 52 недели, а последното е со датум од 30 јуни.

    Нецел процент, односно за 0,78 насто зајакнала акцијата на ТТК Банка. Месечната разлика е 10 денари, од мајските 1.290 се поместила на 1.300 денари.

    Вообичаено, во месечните билтени Македонска берза објавува пет акции со најголем раст. Под дејство на берзанските движења, на јунската листа се застапени три.

    Затоа, пак, негативната листа е целосна. Ја предводи Македонијатурист чијашто акција, иако меѓу најтргуваните во месецот, сепак загубила повеќе од 12 отсто. На 28 мај чинела 8.000 денари, а на 30 јуни 7.000 денари.

    Десет отсто е загубата на Окта: од 6.100 денари, просечната вредност на акцијата се намалила на 5.490 денари.

    Просечната цена на кацијата на НЛБ Банка се намалила за повеќе од 3.400 денари или за 6 отсто. На крајот од минатиот месец изнесувала 53.900 денари, а на последниот ден од мај – 57.342,20 денари.

    Реплек е меѓу акциите со најголемо намалување на вредноста во јуни – за 4,39 отсто. Од 15.949,46 денари на 15.250 денари.

    Пет месеци со ред паѓа вредноста на акцијата на Стопанска банка Скопје. Во јуни заслабнала за дополнителни 6,67 отсто и од 2.076,13 денари просечната цена се спушти на нивото од 2.000 денари.

    Јули 2026 – каков месец ги очекува светските пазари и што треба да следат македонските инвеститори?

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично