Идната недела бензините би требало да поевтинат за 1,5 денари, а дизелот за 2,5 денари по литар. Според тоа, цената за евросупер 95 биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари. Во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти.
Информацијата ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски, кој посочи дека пресметките се резултат на владините анализи:
„Владата ја следи состојбата на светските пазари и правиме сопствени анализи и пресметки со цел навремено да ги предвидиме движењата на дизел горивата и на бензините. Согласно пресметките што ги направивме вчера, откако берзите затворија, но и по анализите на цените на нафтата и нафтените деривати во текот на изминатата недела, очекуваме на следната седница на РКЕ да се донесе одлука за намалување на цените на дизел горивото, односно бензините“.
Исто така, тој повтори дека државата располага со доволни количини горива. Снабдувањето е стабилно, и покрај зголемената потрошувачка која во одредени денови достигнува и до 30 проценти над вообичаениот дневен просек.
Аналитика








