ПОВЕЌЕ

    ТТК БАНКА АД Скопје го усвои развојниот план за период 2022 – 2024 година

    Време зa читање: 9 минути

    ,,ТТК Банка е универзална банка, партнер за малите и средни претпријатија во Македонија, која креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето на долгорочно партнерство. Вредностите кои имаат посебно место во секојдневното работење и секојдневно се негуваат се довербата, одговорноста и тимската работа”, се вели во соопштението за Деловна политика и Развоен план на ТТК БАНКА АД Скопје за период 2022 – 2024 година.

    Мисијата како однапред определен патоказ за развој на стратегиите за управување со работењето на Банката ги содржи долгорочните цели и деловната филозофија на Банката.

    Очекувани макроекономски услови за 2022 – 2024 година

    Глобално окружување

    – Последните случувања во Украина значително го менуваат глобалниот економски контекст и делуваат врз домашната економија. Тие во основа значат нагорен ризик за инфлацијата, а надолен ризик за економскиот раст. Од една страна видливи се ефектите врз инфлацијата, а од друга страна веќе се извесни ризиците за забавување на побарувачката поради зголемена неизвесност, воздржаност на домашните субјекти и намалена побарувачка од нашите трговски партнери.

    – Неизвесноста во поглед на идниот глобален раст сè уште е изразена, а ризиците околу проекциите и натаму се надолни. Главниот надолен ризик и натаму е поврзан со идниот тек на пандемијата, односно со загриженоста од глобалното ширење и појава на нови вирусни соеви, што би ја пролонгирало пандемијата и би довело до нови нарушувања на глобалните економски текови.

    – Нов и понагласен ризик за глобалната економија претставува разгорувањето на геополитичките тензии во Источна Европа и Азија, при што ескалацијата на рускоукраинскиот конфликт предизвика остар раст на цените на примарните енергетски и неенергетски производи, дестабилизација на глобалните трговски текови и зголемена нестабилност на финансиските пазари, со неповолни ефекти и врз глобалната инфлација и врз глобалното економско закрепнување.

    Очекувани макроекономски услови за 2022 – 2024 година

    Макроекономско окружување

    – Реализацијата на макроекономските проекции е придружена со ризици кои се поврзани со долготрајноста и последиците на пандемијата, ефектите од промените на цените на енергенсите и натамошното нарушување на синџирите на снабдување. Покрај тоа, остануваат присутни и ризиците поврзани со евроинтеграциските процеси и одржувањето на политичката стабилност во земјата, кои се клучен предуслов за постигнување на проектираниот економски раст.

    – Веќе е започнат новиот циклус на макроекономски проекции, во чии рамки Народната банка најави сеопфатно реоценување на поставеноста на монетарната политика, имајќи ги предвид најновите информации за конфликтот, како и фискалните мерки и последиците од нив врз домашната економија.

    • Банкарски сектор

    – Годишната стапка на раст на вкупните кредити во февруари 2022 година изнесува 8,9% и е над проектираниот годишен раст од 7,1% за крајот на првиот квартал од 2022 година, согласно со октомвриските проекции. Годишниот раст на кредитите на крајот на 2022 година се предвидува да изнесува 6,4%, додека пак, среден рок се предвидени годишни стапки на раст од 7,4% и 7,8% за 2023 и 2024 година, соодветно.

    – Годишната стапка на раст на вкупните депозити во февруари 2022 година изнесува 6,1% што е под проектираниот годишен раст (од 6,9%) за првиот квартал од 2022 година. Годишниот раст на депозитите на крајот на 2022 година се очекува да изнесува 7,4% додека пак, на среден рок се очекува забрзување на растот од 7,7% во 2023 година и 8,0% во 2024 година.

    Стратегиски цели на ТТК Банка АД Скопје за 2022 година

    Одржување на позицијата во банкарскиот сектор во РСМ преку:

    – одржување на пазарното учество во клучните сегменти;

    – континуиран умерен раст на вкупната актива;

    – одржување на финансиската и капиталната стабилност соодветно на развојните цели за раст, кое подразбира оптимален капитал, оптимални извори на финансирање, оптимална ризично пондерираната актива како и оптимална ликвидност и сигурност.

    • Остварување на профитабилно работење преку:

    – развој на флексибилни деловни практики кои овозможуваат одржливост во пазарната конкуренција;

    – претпазливо преземање прифатливи ризици;

    – оптимизација на ресурсите и трошоците со континуирано јакнење на ефикасноста, економичноста и продуктивноста во работењето.

    • Kонтинуираното и навремено усогласување на своето работење со:

    – законската регулатива и мерките на монетарната власт;

    – супервизорските стандарди и основните начела и принципи на корпоративно управување;

    – целосно практикување на основните банкарски принципи, користејќи примери од најдобри банкарски пракси.

     

    Основни приоритетни цели на Банката за 2022 година

    – Одржување на стабилен поврат на капиталот и раст на добивката по вработен;

    – Одржување на солвентноста и обезбедување адекватно ниво на капитал спрема ризиците на кои е изложена Банката во рамки на екстерно и интерно пропишаните лимити;

    – Одржување на стабилна ликвидносна позиција и структурна ликвидносна усогласеност, во рамки на пропишаните регулаторни и интерни лимити;

    – Зајакнување на кредитно депозитните активности со цел одржување и зајакнување на пазарното учество во банкарскиот сектор на Република Северна Македонија, со истовремено зајакнување на активностите и во другите клучни сегменти;

    – Одржување на квалитетот на кредитното портфолио и намалување на учеството на нефункционалните кредити во вкупното кредитно портфолио на Банката;

    – Зголемување на уделот на работа со населението во вкупните активности на Банката и задржување на фокусот за работа со МСП;

    – Фокус на развој и обезбедување на широка понуда на производи и услуги на малите и средни претпријатија („МСП“) и населението и подршка на развој на услуги од областа на електронско и самоуслужно банкарство;

    – Продолжување со ефикасна политика за оптимизација на трошоците и ризиците;

    – Дигитализација и развој на информатичката технологија во сите сегменти од работењето;

    – Зголемување на користењето на електронските (продажни канали) сервиси на Банката од страна на правните и физичките лица во Република Северна Македонија;

    – Континуирано усовршување на организацијата на работење на Банката и управување со човечките ресурси на начин што ќе обезбеди повисок квалитет на услуги;

    – Управување со човечките ресурси во Банката во правец на обезбедување континуиран развој и раст на знаењата на вработените, зајакнување на стручноста и на способностите во управувањето со процесите, како и во контролите и следењето на остварување на резултатите и на поставените цели;

    – Одржување на својот изграден имиџ на општествено одговорна компанија;

    – Унапредување на доброто корпоративно управување во Банката;

    – Континуирано усогласување на работењето со законската регулатива и супервизорските стандарди на работење.

    Среднорочна стратегија на Банката за период од 2022 – 2024 година

    Среднорочната стратегија на Банката подразбира oдржување и зајакнување на позицијата во банкарскиот сектор на РСМ преку континуиран годишен раст на вкупната актива во наредниот среднорочен период; oдржување и зајакнување на пазарното учество со одржување или зголемување на учеството на Банката во банкарскиот сектор во клучните сегменти; зајакнување на финансиската и капитална стабилност соодветно на развојните цели за раст, кое подразбира оптимален капитал, оптимални извори на финансирање, оптимална ризично пондерираната актива како и оптимална ликвидност и сигурност; континуирано и навремено усогласување на своето работење со законската регулатива и мерките на монетарната власт, со супервизорските стандарди и основните начела и принципи на доброто корпоративно управување, како и со целосно практикување на основните банкарски принципи користејќи примери од најдобри банкарски пракси; остварување на профитабилно работење кое ќе се реализира со развој на флексибилни деловни практики кои овозможуваат одржливост во пазарната конкуренција, со превземање на прифатливи ризици, со оптимизиација на ресурсите и трошоците, како и со контунирано јакнење на ефикасноста, економичноста и продуктивноста во работењето.

    • Клучните финансиски индикатори кои Банката со своето работење ќе се стреми да ги оствари во периодот кој следи се:

    – Стапката на поврат на капиталот (RОЕ) да достигне до 9,5% до 2024 година;

    – Пораст на кредитите на комитенти до ниво што ќе обезбеди нивно учество во вкупните средства на Банката над 58%

    – Одржување на стапката на адекватност на капитал над 15%.

    – Пораст на коефициентот за покриеност на кредитите со депозити (Loan to deposit ratio) од 66,4% во 2021 до 69,2% во 2024 година.

    Среднорочната стратегијата на Банката поставена во рамките на соодветно формулирана рамка на управување со ризиците, капиталот и ликвидноста ќе продолжи да зазема позитивен моментум во текот на наредниот среднорочен период. Банката и понатаму ќе се стреми да понуди единствено банкарско искуство за клиентите и ќе има за цел да постигне одржлив и профитабилен развој. Корпоративната одржливост на банката претставува можност да се постигнат очекувањата на сите акционери и да се исполнат обврските и во иднина. За таа цел, Банката и понатаму постојано ќе одржува рамнотежа помеѓу здравата профитабилност и исполнувањето на потребите на клиентите, преку поддршка на нивните деловни потреби, станувајќи партнер од доверба и во исто време покажувајќи свесност за општеството со поттикнување на одговорно однесување.

    • Во време на забрзани промени на глобалната сцена, како резултат на процесите на глобализација, дигитализација, иновација, климатските промени и глобална здравствена пандемија, активностите и целите на ТТК банка постојано еволуираат. Во таа смисла, ТТК банка треба да се приспособува и во остварувањето на своите цели треба да ги земе предвид и промените во општеството, домашната економија и трендовите во глобалната економија. Во моментов, промените во надворешното и домашното окружување се одвиваат побрзо отколку порано, што наметнува потреба за нивно навремено препознавање и соодветно приспособување во работењето.
    • Во среднорочната стратегија се вградени традиционалните цели поврзани со одржување на оптимална структурна ликвидност, одржување задоволително ниво на адекватност на капиталот, континуирано подобрување на трошковната ефикасност, обезбедување задоволително ниво на добивка од редовни активности кое ќе обезбеди остварување на планираната профитабилност, но со ставање акцент на предизвиците и на новите трендови коишто ќе бидат присутни во овие сфери во следните три години.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично