ПОВЕЌЕ

    ПРОКРЕДИТ ХОЛДИНГ СООПШТИ СИЛНИ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ И ДОБАР РАСТ, НАГЛАСУВАЈЌИ ГО СВОЈОТ ОДРЖЛИВ ДЕЛОВЕН МОДЕЛ

    Време зa читање: 8 минути

    • Зголемување на резултатите за 86% на 62,0 милиони евра; поврат на капиталот од 10,1% во согласност со среднорочната прогноза од околу 10%;
    • Значителен раст на потрошувачките кредити од 10,4% и депозитите на клиентите од 7,6% од почетокот на годината;
    • Ефектите на скалирање се рефлектираат во силно подобрување на односот расходи-приходи до 62,4% (9M 2020: 66,5%);
    • Трошоците на ризик на ниско ниво од 8 базични поени благодарение на понатамошните подобрувања на показателите за кредитниот ризик;
    • Се очекува повратот на капиталот за финансиската 2021 година во целина да биде на горниот праг од зголемениот прогнозиран опсег од 8,0 – 9,5%; соодносот на расходите и приходите веројатно нема да надмине 65%;
    • Вонредно Генерално собрание на 8 декември 2021 година на кое ќе се одлучува по веќе објавениот предлог за натамошна исплата на дивиденда од 0,35 евра по обична акција за финансиската 2020 година.

    Франкфурт на Мајна, 11 ноември 2021 година – Групацијата ПроКредит, која е главно активна во Југоисточна и Источна Европа, известува за добри резултати на крајот од третиот квартал од тековната финансиска година. Како што се очекуваше, растот на кредитното портфолио на клиенти беше силен со износ од 549 милиони евра или 10,4% од почетокот на годината (9M 2020: +408 милиони евра или 8,5%). Консолидираниот резултат се зголеми за 86% на 62,0 милиони евра (9М 2020: 33,4 милиони евра) благодарение на зголемените оперативни приходи и помалите трошоци на ризик. Со годишен принос на капиталот од 10,1% (9M 2020: 5,6%), групата направи важен исчекор кон постигнување на својата тековна среднорочна цел за одржливо ниво на профитабилност од приближно 10%.

    Растот на портфолиото за 549 милиони евра или 10,4% ги надмина бројките за раст од претходната година (9М 2020: +408 милиони евра или 8,5%), при што апрецијацијата на вредноста на националните валути придонесе околу 100 милиони евра за овој развој. Портфолиото на зелени кредити, кое вклучува таргетирано кредитирање за еколошки издржани инвестиции, исто така покажа силен раст од 11,7% годишно до денес во 2021 година.

    Депозитите на клиентите се зголемија за 373 милиони евра или 7,6% (9М 2020: +384 милиони евра или +8,9%). Најголем дел од растот се должи на порастот на депозитите по видување и преку ноќ со ниски каматни стапки, кои служат за понатамошно подобрување на структурата за рефинансирање на групацијата и позитивно влијаат врз нето каматната маржа.

    „Финансиските и деловните резултати на групата многу ветуваат“, вели Менаџментот на ПроКредит. „Гледаме дека нашите клиенти од малите и средни претпријатија на нашите пазари во Југоисточна и Источна Европа релативно силно излегуваат од пандемијата. Охрабрени сме што инвестициите во зелени технологии остануваат нашиот најбрзо растечки сегмент. Сега, повеќе од кога било, постои свест дека пазарите во развој треба да се развиваат економски без да предизвикаат климатски промени и губење на биодиверзитетот. Благодарение на нашиот сеопфатен пристап кон кредитниот ризик, кој исто така ги зема предвид еколошките и социјалните влијанија на нашите клиенти, сметаме дека сме во добра положба за да продолжиме да ги поддржуваме малите и средните претпријатија при оваа транзиција. Добрите финансиски резултати се особено задоволувачки во овој поглед, бидејќи покажуваат повеќе од кога и да било, дека тој финансиски успех е добро компатибилен со одржливо делување“.

    Подобрената заработка, ниските трошоците на ризик и дополнителните подобрување на ефикасноста го зголемуваат приносот на капитал на над 10%.

    Консолидираната добивка од 62,0 милиони евра подразбира значително подобрен принос на капиталот од 10,1% во споредба со претходната година (9М 2020: 33,4 милиони евра или 5,6%). За третиот квартал од 2021 година, RoE/ПК всушност изнесува 12,3%. Подобрувањето на профитабилноста на сите регионални сегменти, што може да се припише на подобрената заработувачка на банките кои во минатото беа помалку профитабилни, придонесе за зголемување на консолидираниот резултат од 86%. Сите банки на ПроКредит објавија позитивни резултати на 30 септември 2021 година. На Денот на пазарот на капитал на ПроКредит групацијата на 12 октомври 2021 година, Управниот одбор изрази очекување дека во следните две години профитабилноста на групата треба да се консолидира околу среднорочното целно ниво што сега се постигнува преку ефекти на континуирано скалирање.

    Нето приходите од камати за првите девет месеци од 2021 година се зголемија за 7,1% на 161,4 милиони евра (9М 2020: 150,7 милиони евра). Од почетокот на годината, нето-каматната маржа следи позитивен тренд, растејќи постојано од 2,7% (во К-1 2021) на 2,9% (К-2 2021) и сега изнесува 3,0% (К3 2021).

    Со 37,1 милиони евра, нето-приходите од надоместоци и провизии се за 6,8% над нивото забележано во претходната година (9М 2020: 34,7 милиони евра). Приходите од трансакциите и работењето со картички покажаа особено позитивни движења, иако трошоците за провизии делумно се зголемија поради континуираното користење на гаранциските средства од кои групата има корист.

    Во текот на првите девет месеци од 2021 година, квалитетот на портфолиото дополнително се подобри во однос на крајот на 2020 година. На 30 септември уделот на кредитите со намалени вредности остана непроменет и изнесуваше 2,6%, но дојде до значително смалување на уделот на кредите во Фаза 2, што е пониско за 0,8 процентни поени и изнесуваше 4,1%. Во тој контекст, трошоците за резервации за загуби нагло паднаа на 3,2 милиони евра во споредба со истиот период од претходната година (9M 2020: 21,1 милиони евра), исто така поради тоа што расходите од претходната година беа под силно влијание од ефектите на моделот поврзани со пандемијата и влошена економска перспектива. Така, годишните трошоци на ризикот паднаа на 8 базични поени (9M 2020: 56 базични поени). Овие позитивни случувања, исто така, илустрираат дека МСП клиентите на ПроКредит банките успеале добро да се прилагодат на предизвиците од пандемијата COVID-19 и да обезбедат продолжување на своето деловно работење во овие неповолни услови.

    Потенцијалот за зголемување на деловното работење на ПроКредит групацијата, кој исто така беше нагласен на Денот на пазарите на капитал на 12 октомври 2021 година, е поткрепен со стабилна структура на трошоците комбинирана со одржлив раст на работењето. Кадровските и административните расходи се зголемија за 2,6 милиони евра во првите девет месеци, додека оперативните приходи (пред трошоците на ризик) се зголемени за 16,5 милиони евра. Ниското зголемување на трошоците беше дополнително поддржано од невообичаено ниските патни трошоци поради пандемијата. Како резултат на тоа, соодносот расходи-приходи се намали на 62,4% (прво тромесечје 2021 година: 64,4%; 9М 2020 година: 66,5%), со што се приближи до среднорочната цел од под 60%.

    Коефициентот на основен капитал од нивото 1 е на удобно ниво од 13,8%

    Коефициентот на основниот капитал од нивото 1 (CET1 потполно задоволува) на 30 септември 2021 година изнесуваше 13,8%, што е за 50 базични поени над нивото од крајот на 2020 година (31 декември 2020 година: 13,3%). Консолидираниот резултат за третиот квартал од 2021 година сè уште не е признаен во регулаторниот капитал. Коефициентот на левериџ од 9,5%, останува на особено високо ниво во споредба со вкупниот банкарски сектор. За идните исплати на дивиденди, една третина од добивката признаена во соодветното време е веќе целосно одбиена од регулаторниот капитал.

    Се очекува приносот на капитал за 2021 година да биде на горниот праг од опсегот од 8,0 – 9,5%.

    Приносот на капиталот за финансиската 2021 година се очекува да биде помеѓу 8,0% и 9,5%, во согласност со зголемената прогноза објавена во јули 2021 година. Од денешна перспектива, Управниот одбор очекува RoE/ПК да биде на горниот праг од овој коридор. Односот на расходите и приходите веројатно нема да надмине 65%. Се очекува растот на кредитното портфолио на клиентите да остане непроменет на околу 10% коригирано за валутните ефекти. Се очекува коефициентот на основен капитал од нивото 1 (CET1 потполно задоволувачки) да биде поголем за 13% до крајот на финансиската 2021 година. Со оглед на многу позитивниот деловен развој до денес, Управниот одбор останува оптимистичен за остатокот од 2021 година. Меѓутоа, во исто време, внимателно се следат макроекономските предизвици кои произлегуваат од фактори како што е пандемијата COVID-19, на пример порастот на бројот на заразени во Бугарија и Романија.

    Одлука за дивиденда планирана за вонредното собрание на 8 декември 2021 година

    На 27 октомври 2021 година беше објавено известувањето за свикување Вонредно собрание на ПроКредит Холдинг за 8 декември 2021 година. На дневниот ред е предвидена одлука за исплата на претходно објавена дополнителна дивиденда од 0,35 евра по обична акција за финансиската 2020 година, која ќе биде распределена во декември 2021 година. Во согласност со политиката за дивиденда на ПроКредит Холдинг, оваа дополнителна распределба е осмислена со цел да се постигне кумулативна исплата на дивиденда за финансиските 2019 и 2020 година што одговара на една третина од консолидираниот резултат од овие две финансиски години. ПроКредит на тој начин ја исполнува преземената обврска од есента 2020 година да достави до акционерите предлог за распределба на добивката во 2021 година, со што ќе се компензира кусокот во исплатата на дивидендата за финансиската 2019 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично