Првиот човек на текстилниот гиган под Шара – Тетовскиот комбинат „Тетекс“, Бобан Гоговски, кој е именуван и за член на Надзорниот одбор на ТТК Банка, купи 2.110 обични акции, издадени од ТТК Банка АД Скопје.
Воедно, и двете дами, Драгица Јовановска која е Член на Надзорниот одбор на ТТК Банка и Помошник генерален директор за финансиски и економски прашања во „Тетекс“ АД Тетово, и нејзината колешка Наталија Алексова, Член на Управниот одбор на ТТК Банка купија вкупно 3000 акции издадени од ТТК Банка АД Скопје. За овие ценовно чувствителни информации, банката извести преку Македонска берза.
Генералниот директор на Таргет Груп, Огнен Огненоски и Владимир Ристевски, партнер и Креативен Директор на Пиксел се меѓу 40-те највлијателни и најуспешни бизнис лидери во Југоисточна Европа.
Тие вчеравечер (15.09.2022), во Истанбул – Sait Halim Pasha Mansion каде се одржа гала вечера, каде беа официјално промовирани 40-те најуспешни бизнис лидери под 40 години (40under40) од Југоисточна Европа. Со членството во ексклузивниот Business Elite’s “Executive Club”, наградените и официјално се приклучуваат на светската бизнис елита како дел од мрежата на најуспешни и најамбициозни бизнис лидери од светот.
Огнен Огненоски истакна:
„Ми претставува огромна чест и задоволство што го добивам ова признание во тесна конкуренција на..продолжи да читаш [тука]
Владимир Ристевски истакна: Ова признание е само мотив повеќе за сите нас..продолжи да читаш [тука]
Ексклузивната “40 under 40” награда претставува едно од најпопуларните и најпрестижните признанија во светот за бизнис лидери и честопати е првиот поттик на многу успешни светски познати личности.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
- ДОЛАРОТ ГИ СТОЛЧИ СВОИТЕ РИВАЛИ
- ОСНОВАЧОТ НА ПАТАГОНИЈА ЈА ДОНИРАШЕ СВОЈАТА КОМПАНИЈА, ВРЕДНА 3 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, ЗА БОРБА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ
- МОЖЕН РАСТ НА КАМАТИТЕ НА КРЕДИТИТЕ, ИНФЛАЦИЈАТА ЌЕ БЛЕДНЕЕ НА КРАЈ НА ГОДИНАТА
- ИНТЕРВЈУ | Попов: Создаваме долгорочни партнерства со нашите клиенти ,,ПАРТНЕРИ ЕДНАШ – ПАРТНЕРИ ЗАСЕКОГАШ“