ПОВЕЌЕ

    Која е разликата меѓу директните и индиректните даноци кои сите ние ги плаќаме?

    Време зa читање: 2 минути

    Основна карактеристика на пазарните економии е нерамномерната распределба на доходот. Со други зборови кажано, пазарот прави разлика и врши селекција на успешните и неуспешните компании и поединци и на тој начин влијае врз распределбата на доходот. Компаниите кои успеале да ги намалат своите трошоци и да работат оптимално остваруваат високи профити, а оние, пак, кои не стигнале успешно да менаџираат со трошоците и кои неефикасно и неефективно ги користат своите средства, генерираат лоши финансиски резултати, односно работат со загуби и банкротираат.

    За да се направи рамномерна распределба на доходот, државата преку своите механизми дејствува на начин што им наметнува даноци и други јавни давачки на компаниите и поединците кои заработуваат повеќе и приходите остварени според оваа основа ги насочува кон оние кои не успеале да заработат минимум доход за егзистенција. На овој начин, државата директно влијае врз доходот и потрошувачката на компаниите и поединците.

    Така, компаниите и поединците кои остваруваат доходи плаќаат даноци на доход и даноци на добивка за остварените приходи и добивки и плаќаат придонеси од своите заработки. Ваквите даноци се наречени директни даноци. Приходите кои државата ги добива од наплатата на директните даноци понатаму се дистрибуираат во вид на социјални придонеси, трансфери кон социјално загрозените поединци, како и во вид на плати и трошоци кои се прават со цел непречено функционирање на државните и јавните институции.

    Добиените доходи кои ги остваруваат поединците и компаниите од јавниот и приватниот сектор ги користат за задоволување на своите потреби. На овој начин, преку потрошувачката на добра и услуги, поединците и компаниите плаќаат индиректни даноци – даноци кои се вклучени во цената на добрата и услугите.

    Така, сите ние плаќаме одредени даноци – директни и/или индиректни – и со тоа влијаеме врз целокупниот економски систем. Сепак, државата треба да води сметка ваквиот вид на даноци да ја постигнат својата цел, односно да бидат така поставени што нема да ги демотивираат поединците и компаниите да заработуваат повеќе и да не ги мотивираат оние помалку успешните да се потпираат само врз приходите добиени од државата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично