ПОВЕЌЕ

    КОИ СЕ ТРГОВЦИТЕ СО СТРУЈА НА МАЛО? На половина им се заканува одземање на лиценците

    Време зa читање: 5 минути

    Во моментот има 34 важечки лиценци за снабдување со електрична енергија, кои се издадени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Од нив, една се однесува на ЕВН Хоме за вршење на универзалната услуга за снабдување со електрична енергија за домаќинства и мали потрошувачи и снабдување во краен случај за големи потрошувачи, додека останатите се однесуваат за снабдување на слободниот пазар.

    Од нив во текот на 2021 година активни биле 15, при што двајца снабдувачи имаат по еден голем потрошувач, додека 13 снабдувачи биле активни на пазарот на мало со електрична енергија.

    Тоа се: ЕВН Снабдување, ЕДС, У ПОВЕР, ЕНЕРГИА ГАС ЕНД ПАУЕР, ЕНЕРЏИ АКТИВЕ, СОЛАРПРО ХОЛДИНГ, ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ, МИСТ ЕНЕРЏИ, ЕЛНОР, ВАНГАРД, ЕСМ ПРОДАЖБА, ЕНЕРЏИ ОН и ОКТА.

    Запрепастувачки, дури за половина од нив се водат постапки поради непочитување на обврските од лиценцата за тргување со струја.

    РКЕ води постапки во различни фази кај следниве снабдувачи: Солар про, Мист енерџи, Вангард, Енерџи Активе, Елнор, У Повер и Енергија гас анд пауер.

    – За сите наведени снабдувачи има одлуки за преземање на мерки за усогласување на работењето, додека за Мист енерџи има одлука за започнување на постапка за одземање на лиценца. Сите снабдувачи со електрична енергија се под засилен мониторинг и доколку некој од снабдувачите отстапува од номинациите ќе преземеме соодветни постапки, велат од Регулаторната комисија за енергетика.

    Проблемите со снабдувањето на потрошувачите на мало се појавија кога цената за мегават час драматично порасна годинава, а домашните трговци на струја имаат склучено договори за набавка кога цената била многу пониска. Во октомври месец цената за магават достигна и до 200 евра.

    Во продолжение колку била просечната цена за мегават час до септември месец, податоци преземени од РКЕ:

    Просечна цена по мегават час на берза до септември месец

    МесецПросечни цени (ЕУР/MWh)
    Јануари56,40
    Февруари50,85
    Март 55,04
    Април 62,94
    Мај59,94
    Јуни77,90
    Јули95,15
    Август109,02
    Септември132,16

    Регулаторите соопштија дека МИСТ ЕНЕРГИ и У ПОВЕР не купиле електрична енергија навреме и сега кога цените на берзите се зголемија, количините кои им недостигаат ги надополнувале од резервите на МЕПСО кои се наменети за балансирање на електроенергетскиот систем. МЕПСО ја алармираше РКЕ дека е евидентирано неоправдано зголемено ангажирање на електричната енергија која се користи за исклучителни ситуации. Дополнително оваа електрична енергија што снабдувачите ја користеле од механизмот за балансирање е поевтина од берзанската цена, со што ја нарушуваат конкуренцијата и ја загрозуваат стабилноста на електроенергетскиот систем.

    Ве известуваме дека РКЕ донесе одлуки со кои им налага на снабдувачите Соларопро Холдинг ДООЕЛ, Вангард ДОО Скопје и Енерџи акитиве увоз-извоз ДООЕЛ Скопје точно и целосно да ги информираат потрошувачите за нивните права и обврски.

    „Регистриравме половично информирање и обиди за манипулација од страна на снабдувачите кон потрошувачите. Па така, дел од снабдувачите почнале да ги раскинуваат договорите со домашните компании, министерства, јавни претпријатија и други установи пред време и се обиделе да им фактурираат по нови цени. Сакам да потенцирам дека преку донесените закони и правилници потрошувачите се заштитени и снабдувачот не смее да им ја промени цената од договорот додека трае периодот на промена на снабдувач, односно додека не склучи нов договор. Снабдувачот е обврзан да му ја фактурира испораката на струја на потрошувачот согласно цената во договорот за снабдување. Доколку тоа не го прави и манипулира РКЕ ќе отпочне со соодветни постапки, истакнаа претходно од регулаторното тело.

    Согласно член 18 од Правилата за снабдување, снабдувачот има право да го раскине договорот за снабдување со потрошувачот само поради неисполнување на договорните обврски на потрошувачот. Меѓутоа, бидејќи потрошувачот и снабдувачот склучуваат договор за испорака на електрична енергија, нивниот однос потпаѓа и под одредбите на Законот за облигационите односи (понатаму: ЗОО), а истото е уредено и во член 3 став (2) од Правилата за снабдување. Оттука, во договорите за снабдување со електрична енергија двете договорни страни, снабдувачот и потрошувачот, можат да се договорат за можноста за раскинување на договорот по барање на било која од договорните страни под услов другата страна да биде известена за таквото барање во
    определен рок кој го договориле во склучениот договор и кој не смее да биде пократок од 30 дена. Страната која трпи штета поради предвременото раскинување на договорот, доколку истото е направено согласно член 122 од ЗОО (раскинување или измена на договорот поради променети околности) има право да бара надомест на штета од другата страна пред надлежен суд. Оттука, РКЕ ги информира потрошувачите дека доколку нивните снабдувачи им ги раскинат договорите за снабдување пред истекот на рокот за кој се склучени, тие можат да продолжат да се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот со електрична енергија во краен случај, ЕВН
    ХОМЕ ДОО Скопје.

    Снабдувањето со електрична енергија во краен случај не може да трае подолго од 90 дена, а согласно член 102 став (9) од Законот за енергетика*. Во овој период потрошувачите можат да склучат договор за снабдување со друг снабдувач по нивен избор, односно да спроведат јавна набавка за избор на снабдувач, доколку имаат таква обврска согласно Законот за јавни набавки.

    Редакција Пари 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично