ПОВЕЌЕ

    Во 2019 банките беа казнети 6,2 милијарди американски долари за перење на пари

    Време зa читање: 2 минути

    Регулаторите ги казнија банките на глобално ниво, 6,2 милијарди американски долари за активности поврзани со перење на пари. Просечната казна изнесува 443,6 милиони американски долари по банка додека најголемата изнесува 5,1 милијарди американски долари.

    Истражувањето открива дека две третини од продавачите на сивиот пазар продаваат украдени производи за плаќање. Неверојатни 40% се однесуваат на украдени податоци од банкарски сметки, 24% доаѓаат од злоупотребени сметки за платежни услуги, а 2% доаѓаат од злоупотребени, т.н. „приватни клучеви.” Останатите 34% се распределени меѓу другите недозволени производи и услуги.

    Претходно на сивиот пазар постоеа стотици различни добавувачи, но во 2019 година на тој сив пазар почнаа да делуваат помали, продавници со еден добавувач. Јасно е дека во 2019 година имаше голем пораст на добавувачи на производи кои биле инволвирани во измами со плаќања, притоа користејки криптовалути.

    Според проценка на Европол, јасно е дека најголемата закана за компјутерските мрежи со која се соочуваат европските истражувачи за компјутерски криминал е софтверот кој е програмиран да злоупотребува и нарушува информатички системи.

    Истражувачите на „CipherTrace” откриле дека во 2019 година, 97% од нападите барале плаќање во биткоини, додека 1,8% прифатиле DASH, 0,9% побарале ЕТХ, и 0,3% побарале LTC.

    Додека некои валути како DASH имаат опционални карактеристики за подобрување на приватноста што би можело да биде од корист за опфаќање на украдените средства, биткоинот сè уште е крал меѓу криминалците. Популарноста на биткоинот најверојатно се должи на неговата поголема пристапност и леснотија на користење во споредба со другите криптовалути на пазарот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично