ПОВЕЌЕ

    Цел свет на привилегии со само еден едноставен избор

    Време зa читање: 2 минути

    Вашите пари се вашата лична финансиска слобода. Комерцијална банка ја цени вашата слобода и ве прави безгрижни во однос на вашите лични финансии.

    Вратата за влез во неограничените финансиски можности е вашата трансакциска сметка, која ќе ви користи не само за редовен прилив на вашата плата, туку и за искористување низа финансиски производи и услуги според вашите желби и потреби.

    Комерцијална банка нуди бесплатно отворање трансакциска сметка и дебитна картичка со бесплатна членарина за приматели на плата, при што овозможува лесно и брзо онлајн аплицирање за овие услуги. Со вашата плата преку Комерцијална банка располагате кога сакате и како сакате бидејќи дебитната картичка е извонредно практична за брзо и безбедно плаќање без провизија во продавница или онлајн плаќање со 3DES Secure највисоко ниво на безбедност, а ви овозможува и бесплатно да подигате готовина на 171 банкомат, како и да уплаќате готовина на 50 банкомати на Банката.

    Банката нуди и други привилегии, како што се бесплатно користење мБанка и Интернет банка, бесплатно аплицирање за дозволен минус на трансакциска сметка до 2 плати, бесплатно отворање траен налог. Како клиент кој својата плата ја прима преку сметка во Комерцијална банка ќе добиете најповолни услови кога ќе имате потреба од кредитна поддршка. Банката нуди широк избор на наменски и ненаменски кредити, ќе ви помогне да го изберете кредитот што вам најмногу ви одговара и ќе ви овозможи да ги оставите грижите зад себе преку обезбедување на кредитот со полиса за животно осигурување или за осигурување при неможност за отплата од осигурителните компании на групацијата Триглав.

    Изборот на можности и привилегии е огромен. Уживајте во финансиските придобивки што ги добивате со само една едноставна одлука!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично