ПОВЕЌЕ

    УЈП: Продолжен рокот за поднесување ДДВ-04

    Време зa читање: < 1 минутa

    Управата за јавни приходи го продолжи рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата за уште два работни дена, односно до 27 октомври.

    Од УЈП денеска соопштија дека причина за продолжувањето на рокот е отежнатото поднесување даночни пријави преку системот е-Даноци.

    Согласно Законот за даночна постапка, поради отежнатото поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата (25.10.2021) се продолжува за два работни дена, односно крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 27.10.2021 година, наведува УЈП во соопштението.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично