Македонска берза го објави месечниот статистички билтен за април 2021 година.
Од истиот може да забележиме дека акциите на Реплек Скопје се најтргувани на берзата во месец април 2021 година, со промет од 115.559.669 денари или 1.875.489 евра.
Количински се истргуваа 1.026 акции, по просечна цена од 108.134,15 денари.
На второ место се акциите на Гранит Скопје со промет од 93.816.972 денари или 1.522.951 евра. Во 216 трансакции, истргувани се вкупно 84.603 акции на Гранит Скопје, по просечна цена од 1.106,78 денари по акција.
Во топ три, на трето место со промет од 92.532.554 денари или 1.501.998 евра се акциите на Комерцијална Банка Скопје, каде во месец април количински се истргувани 329 акции, по просечна цена од 8.227,47 денари по акција.
На овие три акции во месец април се сврте промет од 4.900.438 евра.