ПОВЕЌЕ

    Силк Роуд Банка започна со исплата на пензии за декември 2021

    Време зa читање: 2 минути

    Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели на пензија преку банката дека предвремената исплата на пензиите за месец декември ќе се врши на 27.12.2021 година (понеделник). Почнувајќи од 27.12.2021 година пензиите ќе може да се подигнат со платежна картичка од било кој банкомат на банката.

    Пензионерите кои не користат картичка, односно своите пензии ги подигнуваат на благајна во банката истите ќе може да ги подигнат почнувајќи од 27.12.2021 година (понеделник), согласно распоредот направен според висината на пензијата:

     

    • Во понеделник, на 27.12.2021 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
    • Во вторник, на 28.12.2021 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
    • Во среда, на 29.12.2021 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
    • Во четврток, на 30.12.2021 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.

    Имајќи ги предвид преземените безбедносни мерки во експозитурите, а со цел да не се прават дополнителни гужви на благајните, се препорачува на сите кои ќе ги подигнуваат пензиите на благајна во банката да се придржуваат до веќе утврдениот распоред за исплата.

    Од банката напоменуваат при посета на експозитурите да се почитуваат преземените безбедносни мерки и воспоставениот ред за влез и излез, како и задолжително носење на заштитна маска со себе и одржување на минимално растојание од 2 мeтри од останатите клиенти и банкарските службеници.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично