Скоро 150 лица се уапсени како дел од глобалната акција против илегалната трговија на dark web, објави Европол, во една од најголемите такви акции до сега.
Во акцијата наречена DarkHunTOR запленети се неколку милиони евра во пари и биткоини, дрога и оружје.
Акцијата доаѓа откако DarkMarket предводена од Германија, еден од главните пазари на темната мрежа, беше уништен во јануари под германско водство.
Акцијата DarkHunTOR се состоела од акции во Австралија, Бугарија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Швајцарија, Обединетото Кралство и САД, според Европол.
Околу 65 лица се уапсени во САД, 47 во Германија, 24 во Британија, четири во Италија и четири во Холандија. Неколку од уапсените биле важни цели на Европол.
Запленети се 26,7 милиони евра во пари и криптовалути, дрога, вклучувајќи 25.000 апчиња екстази и 45 парчиња оружје.
Италијанската полиција ги затворила илегалните пазари ДипСи и Берлускони, каде се рекламирале над 100.000 нелегални производи, соопшти Европол, кој што ја координирал акцијата со Еуроџастис.