Стопанска банка а.д. Битола оствари позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.2021 – 31.3.2021 година, односно добивка во износ од 6,05 милиони денари, што е значително подобро остварување во однос на истиот период од минатата година.
Какви се очекувањата на менаџментот на Стопанска банка а.д Битола за периодот што следи?
Очекувањата за периодот што следува се во насока на стабилизирање на макроекономското опкружување и умерено забрзување на домашниот економски раст. Банката и во идниот период ќе дејствува во согласност со целите, мерките и активностите поставени во Деловната политика, развојниот и финансискиот план. Фокусот, како и досега, ќе биде ставен врз пресретнување на потребите на клиентите преку понуда на иновативни производи и услуги, јакнење на депозитниот потенцијал, понатамошно подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и вкупната актива преку засилени активности за наплата на нефункционални кредити, одобрување нови изложености со прифатливо ниво на ризик и продажба на преземениот имот. Понатамошна дигитализација на дел од услугите и процесите останува како една од најзначаните стратешки определби на Банката, особено во услови на работење кога е неопходно сведување на минимум на физичкото присуство на клиентите во банките. Дополнително, Банката ќе го приспособува работењето во согласност со измените во законската и подзаконската регулатива и условите на пазарот. Врз основа на ваквите активности, динамиката на раст на приходните позиции би била поголема во однос на динамиката на раст на расходите, што ќе создаде услови за понатамошно подобрување на финансискиот резултат на Банката