Преложен е нов финансиски пакет за да може да се исплатат работниците во оние компании кои во моментов се соочуваат со најтешки последици од пандемијата Ковид-19.
Пакетот го предложи Европската комисија и тој ќе обезбеди 100 милијарди евра за заеми за земјите членки на Европската Унија.
ЕУ мора „да ги искористи сите средства што им стојат на располагање за борба против пандемијата. Секое евро достапно во буџетот на ЕУ ќе биде насочено кон решавање на кризата, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.
Заемите се за да се покријат трошоците кои се поврзани со сегашните програми за скратено работно, но за да се побара заем за покривање на овие трошоци, мерката која се однесува на скусување на работните мора прво да се донесе на ниво на земја-членка.Според овој модел, државата плаќа дел од платите на работниците, што им овозможува на компаниите да ги задржат работниците и да ги намалат трошоците за време на кризата.