ПОВЕЌЕ

    Данска ќе покрие 75% од платата на работниците за да не бидат отпуштени

    Време зa читање: 2 минути

    Владата во Данска им порача на приватните компании, кои се борат со драстични мерки во сузбивање на корона вирусот, дека ќе покрие 75% од платите на вработените, ако ветат дека нема да ги отпуштат работниците.

    Според тримесечниот план за помош кој ќе трае до 9 јуни, државата ќе плати 75% од заработката на работниците во максимален износ од 3.418 долари месечно, додека останатите 25% ќе ги исплати компанијата.

    Премиерката Мете Фредериксен изјави дека разбира за потребата од отпуштање ако дојде до пад на активноста или запирање на работата.

    „Ве молиме немојте да го правите тоа“, им се обрати на компаниите.

    Таа истакна дека работниците ќе мора да земат пет дена принуден годишен одмор или отсуство. Оваа понуда е една од неколкуте пакети на Владата за да им се помогне на компаниите и на работниците да ги надминат тешките мерки и последиците од епидемијата на корона вирусот.

    Мерките кои државата ги воведе против ширење на вирусот се затворање на границите, училиштата и универзитетите. Исто така, повеќето од работниците од јавниот сектор работат од дома.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично