ПОВЕЌЕ

    ГЕЈТС ПОВТОРНО ПРЕДУПРЕДУВА: Сајбер нападите со вештачка интелигенција може да се случат веќе догодина!

    Време зa читање: 2 минути

    Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, упати ново предупредување дека брзиот развој на технологиите за вештачка интелигенција ќе доведе до бројни закани по сајбер безбедноста и дека тоа може да се случи веќе во текот на наредната 2027 година.

    Гејтс во интервју за CNN изјави дека сајбер нападите со вештачка интелигенција ќе бидат една од областите што ќе претрпат најзначајни промени следната година.

    Тој истакна дека поединците што ја злоупотребуваат вештачката интелигенција би можеле да добијат нови можности да влијаат на финансиските пазари.

    Гејтс верува дека вештачката интелигенција што излегува од контрола сè уште не е најитниот проблем на човештвото. Тој рече дека на технологијата ќе ѝ требаат уште неколку години развој пред да може да има големо влијание врз светот.

    Во август, Гејтс објави есеј во кој ги наведува своите загрижености за вештачката интелигенција. Коосновачот на „Мајкрософт“, исто така, предложи воведување нови даноци за вештачката интелигенција, бидејќи технологијата сè повеќе ги заменува човечките работници.

    Порано, извршниот директор на „ОпенАИ“, Сем Алтман, и извршниот директор на „Антропик“, Дарио Амодеи, кои водат две од најголемите компании за вештачка интелигенција, повикаа на итно забавување на темпото на развој на вештачката интелигенција.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично