Возилото за урбана хигиена на БРАКО, моделот 636, е сертифицирано за меѓународен квалитет од страна на германскиот институт TUV, ,,TÜV SÜD INDUSTRIE SERVICE GMBH” од Минхен.
Возилото 636 на БРАКО е единствен производ од Македонија кој е сертифициран директно од TUV Германија и чија инспекција и тестирања се извршени во лабораторијата во Германија.
Ова е прв сертификат од TUV добиен откако БРАКО во 2019 година ја купи фабриката за возила Грин Машинс, која се наоѓаше во Шкотска и го префрли производството на возилата во Македонија.
Mоделот 636, кој е целосно развиен од страна на македонските инженери и произведен во фабриката во Велес, ќе биде носител на ознаката ,,CE” на производот (Conformité Européenne, European Conformity), која значи дека производот ги исполнува сите основни безбедносни и здравствени барања во однос на упатствата на ЕУ и хармонизираните стандарди.
TUV e меѓународно сертификационо тело кое ги сертифицира најголемите светски брендови на возила.
Сите возила на БРАКО од претходните линии имаат сертификати за квалитет со кои се продаваат на светскиот пазар.