ПОВЕЌЕ

    Започна заедничката бизнис платформа помеѓу ЕУ и Западен Балкан

    Време зa читање: 2 минути

    Европската комисија заедно со Коморскиот инвестиционен форум на Западен Балкан (КИФ ЗБ 6) започнаа заедничка бизнис платформа ZB6-EU која ги обединува бизнисмените од регионот и претставниците на ЕУ со цел да се унапреди дијалогот и подршката на економиите од Западен Балкан за надминување на предизвиците и да се подготват за интеграцијата на единствениот европски пазар.

    Марко Чадеж, претседател на Српската стопанска комора (РКС) и претседател на КИФ ЗБ6, го истакна значењето на зајакнувањето на дијалогот помеѓу бизнис заедница во регионот и ЕУ, како и инклузивното проширување – прогресивното отворање на единствениот европски пазар за компании и производи од Западен Балкан.

    Претседателот на Српската стопанска комора очекува дека раната интеграција ќе биде достапна во секторите кои се усогласени со европските правила и стандарди.

    Со воспоставување на заедничката платформа и зајакнување на дијалогот помеѓу бизнис заедница од Западен Балкан и институциите на ЕУ, ние поставуваме терен за ефикасно решавање на сите важни бизнис прашања за нашите компании кои во голема мера ги исполнуваат сите европски стандарди – истакна Чадеж и ги повика европските претставници да помогнат за економијата на Западен Балкан.

    Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, усвоен во октомври 2020 година, има за цел да го зајакне долгорочното економско закрепнување на регионот, да ја поддржи зелената и дигитална транзиција, да ја зајакне интеграцијата во регионот и ЕУ и да предвиди инвестиции во регионот во вредност од 9 милијарди евра.

    Претставниците на економијата од регионот се собраа на Деловниот совет на КИФ ЗБ 6, кој се состои од 16 водечки компании од Западен Балкан.  Во дискусијата посочија низа важни прашања и предизвици во работењето на компаниите на пазарот на ЕУ.

    Претставниците на „Еликсир“, „Тиквеш“, „Балфин груп“, „Алкалоид“, ја истакнаа потребата од поедноставување на постапките за побрз проток на стоки кон ЕУ, скратување на времето на чекање на граничните премини меѓу Западен Балкан и ЕУ, важноста на дигитализацијата и инвестициите во инфраструктурата, земјоделството и енергија.

    Деловната заедница од Западен Балкан очекува поддршка од ЕУ во спроведувањето на Зелената агенда, подобрување на енергетската ефикасност и зголемување на употребата на водород и биомаса, како и пренесување на знаењето и технологија со цел да се запрат младите луѓе да го напуштаат Западен Балкан.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично