ПОВЕЌЕ

    ЗАКОНСКИОТ ПРЕДЛОГ НА ЈАВНА РАСПРАВА: Конфискацијата на имот во граѓанска постапка не е замена за кривичната

    Време зa читање: 3 минути

    Предлог законот за конфискација на имот во граѓанска постапка оди на јавна расправа, закажана за 24 ноември, а ќе се одржи во Клубот на пратениците, информираат од Владата. Текстот е веќе поставен на ЕНЕР и е достапен за коментари.

    „Заради транспаретност на процесот на донесување на овој закон и подобрување на текстот преку отворена дебата, идната недела ќе се одржи јавна расправа на која стручната фела ќе има можност да ги сподели своите предлози и сугестии“, наведено е во соопштението. Притоа се додава дека со донесувањето на ефективен и применлив закон, ќе се „заштитува јавниот интерес на Република Северна Македонија на начин што се оневозможува располагање со имот, за кој не може да се докаже дека е стекнат од законски извори, а со тоа се превенираат кривични дела поврзани со организираниот криминал и корупција“.

    Како што е наведено во предложениот текст, со законот се уредуваат целите, начелата, прибирањето податоци и докази за имот чие стекнување не може да се докаже дека е од законски извори. Исто така и мерките за обезбедување и постапката за конфискација на имот во граѓанска постапка, како и опфатот на меѓународната соработка за остварување на поставените законски цели.

    Целта е да се штити јавниот интерес на државата, а тоа ќе се постигне со оневозможување било каква корист од имот за кој во постапката за конфискација се утврдило декастекнувањето е проитвзаконско. Всушност, се смета дека оваа регулатива ќе обезбеди сузбивање и превенција од корупција и озаконување и употреба на средства стекнати од незаконски извори, кои заради правни празнини не можат да бидат конфискувани.

    Граѓанската постапка е четвртиот модел кој се приклучува кон обичната, проширената и конфискацијата во посебна постапка, „која ќе биде додадена вредност и дополнителен  механизам во нашиот правен систем за успешно справување со корупцијата“. Како што е објаснето, трите модели затсапени во кривичната постапка остануваат водечки. Односно, конфискацијата во граѓанска постапка не е замена за кривичната. Ќе се користи во исклучителни ситуации кога се исполнети условите предвидени во предлогот на законскиот текст.

    Воедно, се уредува и ограничувањето на правото на сопственост во постапка пред суд, заснована врз следните основни начела на законитост, на легитимитет, на пропорционалност, на тајност и на итност.

    Според предложеното, законот ќе се однесува на имоти и на домашен и на странски терен, а се во сопственост на македонски државјани, на странски државјани со престојувалиште во државата, на лица без државјанство, но со престој во земјава, како и на правни лица регистрирани во или надвор од Македонија.

    Инаку, во извештајот за проценка на влијанието на регулативата се посочува:

    „Доколку не се донесе предложениот Закон, ќе остане постојната пракса, лица кои имотот не го стекнале од законски извори да го надигруваат правниот систем и неосновано да се збогатуваат, нема да се воспостави олеснета меѓународна соработка и имплементација на УНКАК Конвенцијата во делот на признавање на постапките и имплементација на одредбите за поврат на имот, што во крајна линија ќе доведе до неуспешна и делумна борба против корупцијата, а државата ќе остане дел од земјите за скривање на имот од извори на средства кои не се законски, како и имот од перење на пари“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично