ПОВЕЌЕ

    За акции на „Тиквеш“ во блок-трансакција изброени 771 илјада евра

    Време зa читање: 2 минути

    Ден пред одржувањето на јавната берзанска аукција, од Македонска берза информираат за блок-трансакција со акции на Винарската визба „Тиквеш“. Купени се 6.500 обични акции, кои обезбедуваат сопственост од 2,4 проценти. За секоја од акциите познат купувач платил по 7.300 денари. Вредноста на трансакцијата е 47.450.000 денари, а во евра 771,5 илјади.

    Веќе утре, по барање на Еурохаус АД Скопје ќе се одржи најавената јавна берзанска аукција, на која по принципот „сѐ или ништо“ ќе се продава голем пакет акции од „Тиквеш“. Содржи 10.646 обични акции, кои претставуваат 3,94 отсто од основната главнина.

    Како што беше наведено во берзанската информација, почетната цена за акција е 10.596 денари. Односно, минималната цена за големиот пакет е 112.805.016 денари или над 1,8 милиони евра.

    Што се однесува до редовното тргување на официјалниот пазар, просечната цена за акција на „Тиквеш“ е 6.014 денари. Износот е од последното тргување регистрирано на 13 август, кога со 19 акции бил направен промет од 114.266 денари. Во последните 52 недели, пак, имало 42 трансакции (без блокови), а цената се движела од минималните 6.000 до максималните 6.750 денари за акција.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично