Volkswagen AG објави дека ја засилува својата „електрична офанзива“ и го произведува својот прв целосен електричен теренец под својот бренд во Германија.
Станува збор за производство на SUV возило, со голема популарноста низ светот. Поточно SUV е кратенка од Sports Utility Vehicle (возило за спортска намена).
Компактното производство на ID.4 SUV започна во фабриката на производителот на автомобили „ Zwickau“, која е конвертирана по цена од 1,4 милијарди американски долари за производство на 300.000 електрични автомобили годишно, се вели во соопштението на компанијата.
Од Volkswagen велат дека се планира овие возила да се продаваат во Европа, Кина, а подоцна и во САД.
„Со ID 4 Volkswagen ќе понуди цело електрично возило во својата понуда во компактната SUV класа, што е најголем светски раст во овој сегмент“, рече извршниот директор на компанијата Ралф Брандстартер.
Брандстатер истакнал дека американското производство на ID.4 е предвидено да започне во 2022 година во Тенеси, објави Си-Ен-Ен.
Најновото електрично возило би можело да му помогне на германскиот авто гигант да се натпреварува со „Tesla Inc“, како и со останати брендови во растечкиот пазар на електрични возила.
Големите производители на автомобили го зголемуваат производството на електрични возила. Така Hyundai Motor Co, го објави лансирањето на својот посветен бренд за електрични возила „Ioniq“ минатата недела.
Германскиот производител на автомобили тврди дека новиот електричен теренец може да покрие опсег од 310,68 милји (500 км).