ПОВЕЌЕ

    Во најдобрите 100 светски компании доминираат американските, Германија без претставници

    Време зa читање: 3 минути

    На крајот на 2007 година, на листата на 100-те највредни светски компаниии имаше седум германски фирми, но, на крајот на 2021 година останаа само две, а во првата половина на 2022 година не остана ниту една, застапена на оваа ранг листа. Ова е резултат на студијата на ревизорската и консултантска компанија EY, пишува Дојче веле.  Најдобро рангирана софтверска компанија со седиште во Германија е SAP, која со пазарна вредност од 106 милијарди долари е само на 113-то место.

    Нафтената компанија Сауди Арамко од Саудиска Арабија со пазарна вредност од 2,3 трилиони американски долари е најскапата компанија во светот – по што следи американската Епл. Генерално, малку се промени во доминацијата на фирмите со седиште во САД на светските берзи. Сега ги има 60, а пред шест месеци ги имало 61.

    Меѓу првите 10 се, меѓу другите, Мајкрософт, Алфабет (матична компанија на Гугл), Амазон, Тесла, инвестициската компанија Беркшир Хатавеј. Највредна европска компанија е швајцарската Нестле – на 20 место. Според ревизорите, на крајот на 2007 година, пред финансиската криза, 46 од 100-те највредни компании во светот биле од Европа. Сега останаа само 16.

    Падот на глобалните цени на акциите, предизвикан од руската војна против Украина, загриженоста за рецесијата и зголемените каматни стапки збришаа трилиони долари во вредност во првата половина на 2022 година. Само пазарната капитализација, односно вредноста на акциите со кои се тргува на берзата на 100-те најскапи компании падна во првите шест месеци од годинава за 17 отсто или 6,1 милијарди долари, на околу 29,8 милијарди долари. Во исто време, технолошките компании паднаа за дури 28 отсто. Спротивно на тој тренд, нафтените и гасните компании меѓу првите 100 ја зголемија својата берзанска вредност за 19 отсто.

    „Неодамна, инвеститорите повеќе се фокусираат на профитабилноста отколку на растот. Пари веќе не се даваат така лесно, се зголемуваат барањата од компаниите во кои се инвестира“, објасни извршниот директор на EY Германија, Хенрик Алерс.

    Компаниите ги очекува многу тешка втора половина од годината. „Се трупаат лоши вести, мора да се надминат многу кризи, од кои некои се разгоруваат една со друга. Опасноста од глобална рецесија сега е реална“, истакна тој.

    Алерс верува дека дигитализацијата, на која пандемијата на корона и даде огромен импулс, веројатно ќе има одлучувачко влијание врз економијата и берзите во годините што доаѓаат. “Овде Европа и Германија се слабо позиционирани. Од 23-те технолошки компании моментално во првите 100, 17 се со седиште во Северна Америка, четири во Азија и само две во Европа. Трендот на дигитализација доведе до намалување на „тежината“ на Европа на светските берзи во последните години“, заклучува Алерс.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично