Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци за просечната плата во земјава за октомври месец годинава. Верувале или не таа во октомври се зголемила на 29.145 денари при што забележала раст од 4,5 проценти во однос на истиот месец 2020 година.Но, кои се најголемите среќници во земјава што бројат највисока просечна плата? Иако без многу големи изненадувања, лидери по највисока просечна плата во земјава остануваат програмерите. Еве ги останатите ТОП 5 просечни плати и растот или намалувањето што го забележале октомври месец 2021 во однос на ланскиот октомври:
- Компјутерско програмирање 73.540 ден. + 8,4 %
- Стручни и научни дејности 49.352 ден. + 19,3%
- Фармација-производство 47.933 ден. + 1,7%
- Воздухопловен транспорт 45.656 ден + 8,4%
- Финансиска дејност 44.995 ден -2,3%