ПОВЕЌЕ

    Владата ги контролира трошоците, намален е јавниот долг

    Време зa читање: 3 минути

    Нивото на јавниот долг на крајот од минатата година изнесуваше 61,9 проценти, а на последниот ден од јануари е 58,2 проценти од БДП. Тоа е резултат на внимателните владини политики во доменот на контролата на трошоците, на буџетскиот дефицит и на јавниот долг, со што се намали државниот долг, а соодветно на тоа и јавниот долг, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

    „Тоа се должи на раздолжувањето на еврообврзницата со заемот којшто го зедовме и со кој направивме годишна заштеда од 15 милиони евра, односно за двете транши 30 милиони евра. Тоа ја покажува нашата заложба која е во насока на контролирање на трошоците, на буџетскиот дефицит и јавниот долг и верувам дека до крајот на годината многу ќе внимаваме“, рече министерката во гостувањето на Сител.

    Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, која беше во земјава во изминатиот период, ги нотирала тие напори, посочува министерката, иако констатирала дека Владата има наследено многу проблеми од претходно, потврдени со тоа што Македонија е единствена земја во регионот која не успеала да се консолидира во однос на буџетскиот дефицит и јавниот долг.

    Министрката уште еднаш потврди дека Владата ќе го почитува договорот што ќе го постигнат работниците и работодавачите за растот на минималната плата, а кое ќе се темели на продуктивноста.

    „На изборите пред нецела година настапивме со изборна програма во која ги кажавме нашите ставови во однос на даночните стапки и придонеси и по тоа прашање нема да има промена. Како ќе се договорат меѓусебе работниците и работодавачите во рамки на Економско социјалниот совет, каде има претставници и од едните и од другите, ние како држава ќе го прифатиме тоа што ќе се договорат. Платата треба да биде заснована на продуктивност и доколку одговара тој износ што го договараат, ние апсолутно ќе го поздравиме тоа. Односно, доколку смета едната страна дека може да испорача продуктивност на она што ќе го договорат како минимална плата и другата страна дека ќе може да го исплати согласно законските обврски кои никогаш не сме рекле дека ќе ги менуваме, тоа ќе го поздравиме и ќе продолжиме да го почитуваме“, рече министерката за финансии и додаде дека во администрацијата многу мал дел од вработените е врзан со минимална плата, најголем процент е над износот на минималната плата.

    Со пензиите што ќе бидат исплатени на први април, пензионерите ќе го добијат зголемувањето од 2.500 денари што беше ветено. Со тоа, смета министерката, се исправа една неправда направена со политиките спроведувани во претходниот период. По ова, повторно ќе се врати старата методлогија, бидејќи вели министерката, „во моментот нема измени на Законот за да кажам дека ќе ја менуваме“.

    Во однос на мерките што Владата ги презема за сузбивање на инфалцијата, наведе дека очекува да дадат ефект на кус рок, а се подготвуваат некои решенија во делот на земјоделството кои треба да имаат влијание на долг рок.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично